Македонските спортисти во овие летни денови бележат успеси на меѓународната спортска сцена.
Боксерски ринг
На Европското аматерско првенство во бокс, што се одржа во бугарскиот град Пловдив, Русија освои 9 од 11 можни златни медали, а имаше претставник во сите финални борби. По еден златен трофеј освоија уште Бугарија и Романија. Успешен настап имаше и македонскиот боксер Вели Мумин, кој освои бронзен медал.