1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

80% од Ирачаните се за заминување на странските сили!

Ден спроти четвртата годишнина од почетокот на Ирачката војна беа објавени резултатите од репрезентативна анкета, во која граѓаните на Ирак сведочат за клучните проблеми во земјата.

Mission imposible? Американските војници во Ирак се непожелни

"Mission imposible"? Американските војници во Ирак се непожелни

Репрезентативната анкета што беше спроведена во последниве два месеци покажува дека Ирачаните не се чувствуваат безбедни во својата татковина. Таа беше спроведена во преку 400 места ширум Ирак, а налогодавци беа германската државна телевизија АРД, британската БиБиСи и два американски водечки медиума, весникот “ЈуЕсЕј тудеј“ и ТВ станицата ЕјБиСи.

“Испрашавме 2.212 возрасни Ирачани. Во Ирак има 18 покраини и ние водевме разговори во секоја од нив. Во секоја поголема населба одбравме сосема случајно пет куќи“ - раскажува шефот на анкетниот тим Сами Ибрахим Али.

Анкетниот лист содржеше преку 60 прашања, од кои едно гласеше: кој е најголемиот проблем со кој сте соочени? Најголемиот дел од испитаниците, имено половината, посочија дека клучен проблем е безбедноста. Цели 74% од испрашаните не се чувсувтваат безбедни во нивното соседство. А повеќе од половината веќе имаат жртви во најблискиот семеен и круг на пријатели.

Второ важно тематско подрачје беше односот на Ирачаните меѓу себе, пред се‘ меѓу сунитското и шиитското население:

“Во опасните станбени подрачја им се‘ уште мешани квартотви, каде сунити и шиити живеат заедно. Но поради порастот на насилството и шиитите и сунитите се селат во квартови каде нивната религиозна група преовладува“ - појаснува Сами Ибрахим Али.

Ова важи за 80% од испитаните Ирачани, кои исто така нагласуваат дека не се иселиле по своја волја, туку дека биле принудени на тоа.

Трето тематско подрачје во анкетата беше секојдневниот живот и основните потерби како снабдување со електрична енергија, со вода за пиење, работно место и образование. Од изјавите на испитаниците произлегува дека сето тоа недостасува во Ирак. На прашањето кој би можел да ја измени таквата неповолна состојба, дури една третина од анектираните рекле дека треба да има силна фигурна чело на државата и тоа доживотно.

Запрашана кој е главен виновник за ваквата очајна состојба во Ирак, испитаниците во најголем број ги наведуваат САД и претседателот Џорџ Буш. Само 18 проценти сметаат дека виновни се исламските борци од опкружувањето на Ал Каеда. Цели 80% се за заминување на странските сили од Ирак, бидејќи тие се суштинска причина за спиралата насилство. 51% од нив исто така ги сметаат за легитимни нападите врз окупационите сили.