1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

8 тони германска помош за Мјанмар

Воената хунта на Мјанмар очекува пари од донаторската конференција за обнова на земјата, светот смета дека прво треба да им се помогне на луѓето што страдаат од последиците на пустошот што го предизвика циклонот.

default

Трагите на циколонот „Наргис“

Министри, државни секретари и други претставници на повеќе од 50 земји се договараат на донаторската конференција во Рангун за помош за обнова на Мјанмар по пустошот што го остави циклонот „Наргис“ на почетокот од месецов. Германската влада ја претставува Гернот Ерлер, државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој со себе донесе и конкретна помош што германски хуманитарни организации треба да ја поделат на настраданите во делтата на реката Иравади. „Носиме осум тони средства за помош, пред се’ медицински комплети за вонредни ситуации. Имаме големи шатори, мрежи за заштита од комарци и техника за прочистување на вода за пиење. Мислам дека тоа е овде итно потребно“ - вели Ерлер.

Воената хунта на Мјанмар штетата од циклонот ја процени на 11 милијарди долари и се надева на соодветни ветувања за помош за обнова. Но, донаторите и ОН сметаат дека прво треба итно да им се помогне на преживеаните луѓе во најтешко погодените подрачја и бараат непречен пристап за сите спасувачки сили во подрачјата на катастрофата. „Очекувам дека најавите од последните денови и часови да се потврдат за дефинитивно да биде слободен пристапот до најтешко погодените луѓе и нашите специјалисти и хуманитарци да можат вистински слободно да се движат во земјата“ - нагласи Ерлер.

Шефот на воената хунта му вети на Бан Ки Мун во петокот деkа сите странски помагачи ќе можат да влезат во земјата и во подрачјата на катастрофата, но откако ќе биде утврдено дека станува збор за вистински помагачи. Тие мораат да поднесат барање со подробен план на патувањето и ќе добијат домашен придружник. Сосем е нејасно колку долго ќе трае обработката на барањата. Координацијата на помошта треба да ја преземе АСЕАН, а таму Мјанмар има силно влијание, оти решенијата се донесуваат со консензус.

►◄