1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„8-ми мај е ден на ослободувањето“

„Мораме да бидеме будни, не смееме да се опуштиме“ – порача денеска градоначалникот на Берлин, социјалдемократот Клаус Воверајт, повикувајќи на ангажман против десниот екстремизам и нетолеранцијата. Тој зборуваше на отворањето на „Денот на демократијата“, манифестација со која во главниот германски град започна одбележувањето на 60-годишнината од крајот на Втората светска војна. На спротивставување

Канцеларот Шредер замоли за прошка за злосторствата на нацистите

Канцеларот Шредер замоли за прошка за злосторствата на нацистите

�а неонацизмот повикаа и канцеларот Шредер и министерот за внатрешни работи Шили во искажувањата по повод годишнината. Шредер моли за прошка за злоделата од нацистите.

„Демократијата мора да биде способна да се брани, ние ќе се браниме со демократски средства“ – рече Воверајт имајќи ја предвид за утре планираната демонстрација на десноекстремната Националдемократска партија на Германија на Александерплац во Берлин. Посебно за младите луѓе мора да се одржува будно сеќавањето на холокаустот, смета градоначалникот на главниот град, кој искажа надеж дека утре десетици илјади луѓе ќе демонстрираат против дефилето на неонацистите. „8-ми мај е ден на ослободувањето“, нагласи Воверајт. Некои не сакаат да прифатат што беше причината за страдањата од војната. „Тоа значи дека ние мораме да се кренеме против ’непоправливите‘ кои се’ уште ги има, кои и денес негираат дека имаше милиони жртви“ – рече Воверајт. Германците мораат да бидат секогаш свесни за својата историја и од тоа да црпат вредности за иднината. Ако, за жал, не може да се спречи собирот на неонацистите, мора да се покаже образ против нетолеранцијата, рече Воверајт.

Во знак на протест против десниот екстремизам, синдикати, здруженија на работници, сите партии, Црквите и еврејската заедница заеднички го организираа „Денот на демократијата“, манифестација со која во Берлин започна одбележувањето на шесте децении од крајот на војната. Денеска имаше илјадници посетители, а во текот на денов и утре ќе се одржат дискусии и сценска програма со истакнати претставници од културата, спортот, медиумите и политиката. За вечер е предвидено да се направи синџир до запалени свеќи долг 33 километри со учество на десетици илјади граѓани.

Канцеларот Герхард Шредер во пригоден текст по повод годишнината, предупреди од негирање и минимизирање на насилничкото националсоцијалистичко владеење. „Ние сепак по којзнае кој пат доживуваме обиди за поинакво толкување на историјата, за замена на причините и последиците, за негирање на вината на нацистичка Германија“ – вели канцеларот за „Зиддојче цајтунг“ и бара решително спротивставување на стремежите - не само на неонацистички групи - за ставање рамнотежа меѓу злоделата и страдањата на војната. Шредер во текстот се залага за натамошно обединување на Европа. На 60-годишнината од крајот на војната битна е „недвосмислената определба“ на Германците за „Европа на мирот, слободата и благосостојбата“. Во тој контекст канцеларот вели дека државите на Балканот мора среднорочно да добијат европска перспектива. Шредер го нагласува значењето на европскиот устав за процесот на интеграција, а развивањето заедничка европска надворешна политика го смета за првенствена задача. Освен тоа, мора да се развива сеопфатно стратегиско партнерство меѓу ЕУ и Русија, вели канцеларот. Пред патувањето за Москва, каде ќе учествува на свеченостите в понеделник, германскиот канцелар во денешното издание на весникот „Комсомолскаја правда“ моли за прошка за страдањата што им биле нанесени на „рускиот и на други народи од германска рака и во германско име“.

Министерот за внатрешни работи Ото Шили во „Велт ам зонтаг“ повикува на поголема граѓанска храброст во спротивставувањето на десниот екстремизам, оценувајќи го како охрабрувачко што токму многумина млади луѓе се креваат против неонацистите. „Срамота е што има партија како НПД, која настапува со националсоцијалистички идеи и симболи кои потсетуваат на нацистите“, вели тој.

Поранешниот сојузен претседател Рихард фон Вајцзекер за Баварското радио изјави дека е неопходно и здраво соочувањето со сопствената историја. Кој не се сеќава, губи ориентација за иднината“ - рече Вајцзекер.