1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

8 мај – Берлин

Граѓаните на Германија ја одбележуваат 60-годишнината од завршувањето на Втората светска војна со многубројни манифестации. Зенит се „Денот на демократијата„ што го организира покраината Берлин околу Бранденбуршката капија и говорот на сојузниот престедател Хорст Келер во Бундестагот.

Бранденбуршката порта - нем сведок на историски настани

Бранденбуршката порта - нем сведок на историски настани

Уште денеска во Берлин започнуваат манифестациите по повод 60-годишнината од завршувањето на војната: претпладнево градоначалникот Клаус Воверајт ќе отвори „Денот на демократијата„, дводневна манифестација околу Бранденбуршката капија на која се поканите партиите, синдикатите, сојузите на работадавачите и црквите. Станува збор за широка програма: ученици ќе разговараат со преживеани за нивните искуства од Втората светска војна, ќе бидат претставени проекти против расизмот, ќе настапат различни музички групи. На крајот низ целиот Берлин ќе се одвива светслосен синџир како знак против војните.

Утре попладне по истиот повод Бундестагот и Бундесратот ќе одржат заедничка седница на која главен говорник ќе биде сојузниот претседател Хорст Келер. Претпладнето Црквата на сеќавањето Кајзер Вилхелм и во Катедралата Свети Хедвиг ќе се одржат богослужби.

На голем екран на кај Бранденбуршката капија ќе можат да се следат сите манифестации каде што ќе се одржува „Денот на демократијата„. Овој народен празник треба да биде спортивен на демонстрациите на деснорадикалната НПД, чии приврзеници попладне ќе се движат од Александер плац кон железничката станица Фридихштрасе под мотото:„60 години ослободителна лага – доста со лултот на вина„.

Претходно најавената рута од споменикот на Холокаустот кон Бранденбуршката капија судот во Берлин ја забрани. Жалбата на НПД уставниот суд ја одби. Меѓутоа, како што смета сојузниот министер за внатрешни работи Ото Шили, само со закани НПД не може да се држи во шах. Според него решавачко е:

„Да се гради светска на јавноста за нас како демократи. Затоа сметам, дека е најважно демократската јавност на 8 мај да се собере во голем број овде, за да не се види трагата на ниту еден нацист, односно демократската јавност да покаже што значи демократијата„.

Во непосредна близина на демонстрациите на НПД сепак, ситуацијата може бргу да ескалира, зашто контрадемонстрациите имаат намера да го спречат маршот на околу 3 илјади десни. Во акција ќе бидат 6 илјади полицајци за да спречат можни судири и безбредија.