8 години забрана за настап за Џастин Гејтлин
23 август 2006Реклама
На американскиот атлетичар Џастин Гејтлин, олимписки шампион на 100 метри, му е изречена осумгодишна суспензија поради користење допинг. На 24-годишниот спринтер му се закануваше доживотна забрана за настап, бидејќи по втор пат му е докажан допинг, но помина полесно оти се согласи да соработува со истражните власти и да се ангажира против злоупотребата на допингот во спортот. Гејтлин ќе може да се натпреварува дури по 24-ти јули 2014-та година.
Нему ќе му бидат поништени сите резултати што ги постигна по 22-ри април годинава, кога беше тестиран против допинг и пробата беше позитивна. Меѓу нив е и светскиот рекорд што го постигна на Гран-при митингот во Доха, главниот град на Катар на 12-ти мај годинава.