1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

75 роденден на композиторот Мориконе

10 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AeW8
Сигурно не постои никој кој не знае барем една мелодија од композиторот Енио Мориконе.Музиката за италијанските вестерн-филмови на Серџио Леоне во 60 те години значеше почеток на светската слава на Италијанецот, кој денеска го слави својот 75 роденден.Досега тој има компонирано повеќе од 400 музички подлоги,а исто така и класична музика.Себеси инаку се означува како обожавател на вистинската музика,од Палестрина преку Бах до Битлси. Мороконе е маестро во класична смисла:тој изврши влијание врз низа генерации на филмски композитори.

Ова се сигурно најпознатите тонови во филмската историја-"Отсвири ми ја песната за смртта". И тој кој не го гледал најпознатиот италијански вестерн на сите времиња ја знае филмската музика на Енио Мориконе.Шпагети вестернот е негов знак."Рака полна долари","Моето име е никој",музичката подлога на Мориконе лентите на Серџио Леоне ги направи култфилмови.
Филмската музика за Мориконе во 60 те години беше ново искуство.Образован на Конзерваториумот во Рим,тој компонираше дотогаш концертна музика и соработуваше со екперименталните оркестри.
Тоа што го познаваат само по филмската музика не му е драго,како мал протест против тоа клише својот роденден Мориконе денеска во Лондон го слави со концерт во Ројал Алберт Хол.
Тој има напишано редица оркестарки партитури,а многу концерти самиот ги диригира.
Но,ни филмската музика не ја напушти целосно.По Серџио Леоне Мориконе соработуваше со многу познати режисери-со Бертолучи,Еторе Скола,Пазолини,Брајан де Палма,Роман Полански.Зад него се редица награди,Златни лавови,Златен Глобус и Греми.Не се закити само со Оскар,иако многупати беше номиниран за него,меѓу другите и за музиката за филмот- "Тоа беше еднаш во Америка".
Холивуд за Мориконе не е предизвик ,него го смета за премногу површен и комерцијален.До денеска тој работи во неговата работна соба во близина на Плаца Венециа во срцето на Рим и тоа без компјутер.
Градскиот кварт Трастевере-каде е роден, и натаму е неговото омилено животно средиште,оддалечено стотина метри воздушна линија од неговиот сегашен дом.
Често,објаснува тој,американските продуценти се обидуваа да го доведат во Холивуд.Но,Мориконе англискиот јазик го смета за премногу комплициран,а Рим едноставно поубав од Лос Анџелес.