1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

70.000 на "понеделничките демонстрации“ во Германија

На синоќешните демонстрации во преку 140 германски градови се собраа околу 70.000 незадоволници од владиниот пакет за реформа на пазарот на работна сила

default

Најголемите протестни собири се одржаа во источните покраини и тоа во градовите Лајпциг, Берлин и Магдебург, каде на улиците излегоа по 15 до 30 илјади демонстранти.

"За да се разбере сето ова мора да се земе предвид дека станува збор за регион, во кој невработеноста во последните години е висока и се движи од 15 до 20, па дури и преку 20%. Секако дека во таков регион се создава темелно незадоволство, какво што не познаваме во другите делови на Германија. Згора на тоа дојдоа реформите во регион кој нема демократска традиција од 40 години како западните покраини" - оцени во интервју за ДВ премиерот на покраинската влада за Бранденбург, Матијас Плацек од владеачката социјалдемократска партија. Тој потенцира дека на сите граѓани и на Истокот им е јасно оти реформите се неопходни, но овде е поголем стравот, бидејќи младите луѓе заминуваат се повеќе во западните покраини барајќи работа. Плацек истовремено нагласи дека опасноста од излизгување на ситуацијата е реална.

Овие "понеделнички демонстрации" се повикуваат на неодамнешното славно минато, кога граѓаните од поранешната Германска Демократска Република понеделнички демонстрираа против стариот комунистички режим - и го урнаа.

Портпаролот на сојузната влада во Берлин најави засилена кампања за објаснување на нужноста од болните реформи!