1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

70 илјади луѓе ги дочекаа арапските набљудувачи во Хомс

Повеќе од 70 илјади луѓе учествувале на антивладините демонстрации во сирискиот град Хомс. „Сакаме меѓународна заштита“ извикувале луѓето до набљудувачите од Арапската Лига кои го завршија првиот ден од посетата на Хомс.

default

Демонстрации во Хомс

Илјадници луѓе се собраа денеска (27.12.2011) во Хомс, упориштето на отпорот против сирискиот претседател Башар Ал Асад за да ја дочекаат набљудувачката мисија на Арапската Лига. Сириската невладина организација за заштита на човековите права со седиште во Лондон соопшти дека на денешните протести излегле повеќе од седумдесет илјади луѓе.

На неколку видео-снимки постирани на интернет сајтот Јутјуб може да се види како демонстрантите упатуваат повици до набљудувачите со барања за меѓународна заштита и за ослободување на политичките затвореници во земјата.

Изворот и датумот на овие видеа не може независно да се потврди со оглед дека Сирија од почетокот на безредијата во земјата ја забрани работата на странски новинари.

Увидот на ситуацијата во Хомс продолжува утре

Набљудувачката мисија на Арапската лига вчера пристигна во Сирија и денеска во Хомс започна обиколка за запознавање со ситуацијата. Набљудувачите најавија дека утре ќе продолжат со увидот на тоа дали сириската влада го исполнува планот за запирање на насилното задушување на антивладините демонстрации. Според телевизијата Дунија, тие имале средба со локалниот гувернер, само ден откако во Хомс беа убиени најмалку 34 луѓе.

Инаку кусо пред доаѓањето на набљудувачите од Арапската лига , сириските трупи очигледно се повлекле од Хомс. Непосредно пред тоа упориштето на антивладините протести беше под постојан оган на армијата.

Набљудувачката мисија е составен дел од планот на Арапската Лига за ставање крај на кризата во Сирија која предвидува запирање на насилствата, повлекување на војската од градовите и слободно движење во земјата за арапските набљудувачи и новинарите.

Според податоците на ОН од почетокот на протестите против режимот на Асад во Сирија во март годинава се убиени повеќе од 5000 луѓе

Автор:СН/БГ/ртр/афп/мф

Редактор: Симе Недевски

DW.COM