1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

68 илјади загинати

Ова е последниот но за жал не и конечен биланс од разорувачкиот удар на големите цунами бранови врз крајбрежјата на неколку семји во југоисточна Азија. Обединетите Нации во меѓувреме ја мобилизираат можеби најголемата хуманитарна операција во својата историја. Во Светскааа организација предупредуваат од можна појава на заразни болести , по пеколот кој зад себе го остави најсмртоносниот цунами во послед

default

ниве 200 години.

Дивеењето на Индискиот Океан кое го предизвика земјотресот со интензитет од 9 степени според Рихтеровата скала , беше почуствувано дури и во Африка , чии источни крајбрежја вчера беа заплиснати од брановите кои за среќа беа од многу помал интензитет за разлика од оние кои ја разорија Југоисточна Азија.

Преживеаните од катастрофата раскажуваат застрашувачки приказни за моментите кога повеќе од 10 метри високите зидови од вода убијци се урнале врз крајбрежјата на Шри Ланка , Индонезија , Индија , Малезија , тајланд Малдивите и уште неколу земји во регионот . најтешко погодена од катастрофата е Индонезија , која досега преброја 32 илјади жртви . Најстрашни извештаи пристигнуваат од островот Суматра кој се наоѓаше и најблиску до епицентарот на земјотрсот –изјави претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудхојоно .

Многу од преживеаните во катастрофата како во Индонезија така и во другите земји сега се соочуваат со глад и болести .

“Најголеми оштетувања им се случија на водата и хигиенските услови. Водата пиење за милиони луѓе е загадена.Од ова ќе произлезе зараза а истотака и акутни белодробни заболувањња секогаш се појавуваат по ваквите масивни катастрофи” - изјави на редовната прес конференција во Њујорк Јан Егеланд , координаторот за хуманитарна помош во Обединетите Нации.

Светската здравствена организација истотака ги изрази своите стравувања , истакнувајќи дека;

"Постои шанса да видиме како од заразите и епидемиите умираат ист број луѓе како и од брановите цунами"- истакна претставникот на организацијата Дејвид Наваро.

Најподложни на ударот на евентуалните болести ќе бидат најмладите. Впрочем и во катастрофата тие сочинуваа голем процент од жртвите:

“Децата се најмалку способни да трчаат , најмалку способни да се задржат цврсто за нешто кога надоаѓаат поплавите . Значи тоа е една од причините поради која децата беа толку погодени од катастрофата” - изјави Карол Белами , директорката на УНИЦЕФ . Таа притоа направи проценка за можниот трагичен исход по децата во регионот по ударот на цунами брановите:

“Еден од показателите за тоа колку беа погодени децата стои во фактот дека анајмалку една третина од жртвите би можеле да бидат деца. Тоа се заснова многу и на фактот дека голем процент од населението во повеќето од овие земји се млади луѓе”- истакна Белами.