1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

65 години од македонскиот антифашистички отпор

Македонија го слави 11 октомври,Денот на востанието,кој го отвори патот кон современата македонска државност

Македонското знаме

Македонското знаме

Четири мултиетнички македонски партизански дивизии,две бригади со југословенските партизани стигнаа до Трст,една влезе во Грција во северниот,Егејскиот дел,над 10 илјади загинати борци,тоа е само дел од подолгата низа на податоци на македонскиот антифашистички отпор.Тој период историчарите и луѓето го доживуваат како избор на вистинска победничка коалиција,како настани и личности кои го отворија патот за македонската современа државност.Затоа 11 октомври има традиционално значење на празник на вредности,се доделуваат престижните награди за автори,научници и уметници.Но,почетокот на приклучувањето кон антифашистичката коалиција го валоризира и истакнува македонскиот ген,вели историчарот проф.Ѓорѓи Малковски:

„Потребно е повеќе од било кога прочучување на македонската историографија,меѓутоа објективата историографија,ние никогаш во историјата не сме биле насилници, ние никогаш во историјата не сме уништувале групации или народи,никогаш не сме вршеле геноцид над луѓе,секогаш сме се бореле за слободата на македонскиот народ.“

Македонското антифашистичко движење доби своја масовност кога КПМ излезе со проглас до сите граѓани и селани,Македонци,Албанци и Турци,не само на комунистите,за револуционерно приклучување кон антифашистичкиот отпор.Македонското партизанско движење имаше своја автономна историја,иако експерѕите не ја оспоруваат улогата на Јосип Броз Тито,комунистичкиот водач на антифашистичкиот отпор.

„Македонското воено политичко ракопводство имаше храброст да излезе од меѓународно признатите граници на Република Македонија и да влезе во Егејскиот дел од Македонија.Не го праша Тито за тоа,а Тито не беше весел што тие отидоа таму,и потоа прошетаа,се вратија преку Источна Македонија и отидоа до Црна Трава во Србија,од каде се стационираа во североисточниот дел, во Куманово и го одржаа АСНОМ.

Дури идејата за Балкански воен штаб Тито ја критикуваше:па вие премногу сакате.Но сепак Тито имаше во себе нешто што ги хранеше Македонците:еден ден ќе добиете своја држава“,оценува професорот и историчар д-р Новица Дамјановски.

Историчарите истражувајќи го минатото,предупредуваат и на сегашноста:колку во мултиетничка Македонија историјата ги дели народите или ги поврзува генерациите :

„Кај книгите,учебниците,не е доволно зафатена неалбанската историја,ни историјата на турската етничка заедница,а камо ли и навредливите зборови против турската етничка заедница.“,оценува професорот од Македонскиот институт за историја,Шериф Ахмети.Неговата потврда ја најдовме и во едно ученичко искажување на матурант кој на историјата во Македонија гледа и со својата искреност:

„Се јавува и една затегнатост во односите меѓу нациите кои се наоѓаат во нашата земја.Ние секако под притисок на општетсвото и на сите овие коментари, стануваме свесни за тоа.Дали намерно или ненамерно продолжуваме и ја градиме иднината врз база на тоа што некогаш веќе сме го слушнале.“

На денот на 65 годишнината од македонскиот антифашистички отпор во градовите знамиња,на партизанските гробови венци,но и апсурдни ситуации:Прилепчани на пример не го знаат гробот на својот сограѓанин и првиот претседател на АСНОМ ,Методија Андонов Ченто.