1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

61 годишница од Хирошима

Јапонскиот град Хирошима денеска ја одбележува 61 годишницата од првата атомска бомба и на овој ден го повика светот да се ослободи од нуклеарното оружје.

Јапонија се сеќава на жртвите од Хирошима

Јапонија се сеќава на жртвите од Хирошима

Околу 45000 луѓе присуствуваа на молитвата која се одржа во 08,15 минути времето кога една бомба уби 140 000 луѓе, а илјадници завршија со тешки изгореници или канцерогени болести. Меѓу пристутните имаше и неколку преживеани лица кои се сега постари луѓе на 70 или 80 години и кои дојдоа во меморијалниот центар со своите внучиња да им оддадат почит на жртвите.

„Шеесет и една година подоцна, бројот на нациите обземени од злото кои произведуваат нуклеарно оружје се зголемува“, предупреди во својот говор градоначалникот на Хирошима Тадатоши Акиба и додаде дека преживеаните со години го повторуваат барањето за престанок на развивање на нуклеарното вооружување. „Но никој од политичките лидери не ги слуша“, огорчено констатураше Акиба.

По бомбата која на 6 август ја исфрлија Американците над Хорошима, на 9 август беше исфрлена уште една таква над Нагасаки, што однесе уште 70 000 животи. По тоа Јапонија се предаде на 15 август и се стави крај на Втората Светска војна.