1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

60-ти роденден на УНЕСКО

Прославата на 60-от роденден на УНЕСКО се слави цели 60 недели, таа започна на 5 септември годинава и ќе трае се до 4 ноември 2006, 60 недели за да бидат ставени во прв план 60-те главни теми кои се во срцето на неговата активност.

default

Денес, УНЕСКО, „треба да биде буден на сите фронтови, од одбраната на правата на човекот и заштитата на заедничкото наследство на човештвото, ширењето на квалитетното образование за сите, промовирање на трајниот развој, почитување на живите суштества и биосферата, па се до разгледувањето на деликатните прашања од биоетиката и борбата против дискриминацијата на која се изложени жените...“ оцени, Коиширо Мацура, Генералниот секретар на УНЕСКО на вчерашната централна манифестација, организирана во седиштето на организацијата во Париз.

Како и што доликува за еден ваков јубилеј, тој беше прославен со Гала концертот „Мелодија за дијалог меѓу цивилизациите“.

Водителката на концертот холивудската ѕвезда Мариза Беренсон со многу возбуда ги претставуваше, на досега можеме да речеме невидената и единствена мултикултурна манифестација во светот, 80-те музички уметници на мирот од традиционалната и класичната музика.

Меѓу нив и двајца од Македонија, оперскиот пејач, баритонот Борис Трајанов и музичарот Драган Даутовски. Трајанов е единствен од Македонија и еден од малкуте уметници во светот кој ја носи престижната титула "Уметник на мирот на УНЕСКО", која му беше врачена лично од генералниот директор на УНЕСКО, Коиширо Мацура во февруари 2005 година во Париз.

На концертот Трајанов испеа две оперски ариим меѓу кои и една од операта „Свадбата на Фигаро“.

Заедно со Оркестарот XXI од Париз и Светскиот оркестар на традиционални инструменти, под диригентсво на Дионисиос Дервис-Бурниас од Франција и Игор Влајниќ од Хрватска, Даутовски на тамбура а потоа и на гајда ја изведе импровизацијата на првиот став од 35-та симфонија "Хафнер" од Волфганг Амадеус Моцарт.

Покрај овие светски признати македонски уметници, пред избраната публика во свечената сала на УНЕСКО, настапија уште: познатиот руски пијанист Сергеј Маркаров, носител на повеќе меѓународни награди и исто така уметник на мирот на УНЕСКО, како солист во концертот за пијано и оркестар бр. 12 од Моцарт, и јапонскиот сопран Рие Хамада со изведба на композиции од францускиот современ композитор Николас Бахри.

На крајот од гала концертот завесата не се спушти само мрак, тамбурата на Даутовски засвири... И одекна песната Среќен Роденден УНЕСКО. На сцената беше донесена големата роденденска торта, која потоа беше раздлена меѓу публиката и уметниците кои продолжија да слават зааедно пред седиштето на УНЕСКО во Париз.