1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

60 повредени во судир на два воза близу Њујорк

Воз кој се движел кон Њујорк синоќа излета од шините и се судри со друг воз кој доаѓал од спротивна насока. Оштетени се повеќе вагони, а повредени се околу 60 патници. Можно е бројката да расте.

Бројот на поврдени патници во судирот на два воза во американската држава Канектикат достигна 60, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба, соопшти на прес конференција гувернерот на државата Дан Малој.

Двата патнички воза се судрија изминатата ноќ во близина на градот Ферфилд, на околу сто километри од американската метропола Њујорк.

„Еден од возовите, од засега непознати причини, почнал да излегува од шините, кога во спротивнита насока се движел друг воз“, дополни Малој.

„Несреќата се случила во 18:30 часот по локално време, во сообраќајниот шпиц“, соопшти претставник на полицијата.

Според податоци на телевизискиот канал Ен-Би-Си, во двата воза имало 250 патници.

Гувернерот Малој по посетата на местото на несреќата изјави дека нема „никаква основа“ за постоење на напад, туку се работи за несреќен случај. Очигледно, по бомбашките напади на Бостонскиот маратон, американските власти сакаат уште на почеток да запрат секакви шпекулации.

Весникот „Њујорк пост“ известува дека железничкиот колосек кај местото на  несреќата се градел, па наместо на вообичаените четири, се вози на само два колосека. Сообраќајот на делницата Њујорк - Бостон е во прекин на неодредено време.