1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

60 минути за историјата

Натпреварот против Словенија е можнот за македонските ракометари да обезбедат пласман во квалификациите за ЛОИ во Лондон, но и шанса за Кирил Лазаров да стане првиот ракометар- најдобар стрелец во историјата на СП и ЕП.

default

Кире Лазаров во акција

Ракометната репрезентација на Македонија денеска со почеток од 15 часот и 15 минути во белградска Арена ќе го одигра последниот натпревар на Европското ракометно првенство. Противник на Македонија на патот кон освојување на 5-то место и пласман во олимписките квалификации е репрезентацијата на Словенија.
Македонската репрезентација и за решавачкиот меч за пласман на квалификацискиот олимписки турнир може да смета на голема поддршка од трибините и присуство на голем број навивачи на „црвено-жолтите“ .
Македонија пред денешниот натпревар има остварено три победи (против Чешка, Полска и Србија) еден нерешен резултат (со Шведска) и два минимални пораза (од Германија и Данска).

Лазаров пред фантастичен успех

Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров пак има единствена можност да влезе во историјата и покрај титилата најдобар стрелец на Светските првенства на сите времиња да стане и најдобар стрелец на европските првенства досега.
Ова денеска го објави ЕХФ како главна вест на својата веб страна,
Доколку Лазаров даде повеќе од пет голови на мечот за петто место против
Словенија ќе го надмине рекордот Исланѓанецот Олафур Стефансон, кој на
Европското првенство во 2002 година постигна 58 голови.
Македонската суперѕвезда (како што Лазаров го нарекуваат германските медиуми) пред три години постигна 92 гола на Светското првенство во Хрватска,
што е најдобар скор во историјата на овие првенства.


Покрај дуелот за 5-то место Македонија - Словенија, на програмата на ЕП за денеска се играат и двете полуфинални средби.


Од 17 часот и 45 минути ќе играат Шпанија - Данска, а од 20 часот и 15 минути Србија - Хрватска.

Автор: СН/ АТ/ миа/ мф/ ехф

Редактор: Александра Трајковска