1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

60 загинати во масовна паника во Индија

Несреќата се случила во близина на хиндуистички храм во индиската сојузна држава Маџа Прадеш. Таму се собрани околу 500 илјади верници.

Најмалку 60 верници загинаа, а повеќе од сто се повредени во денешното (13.10.2010) стампедо во хиндуистичкиот храм во централна Индија, потврди за агенцијата ДПА шефот на полицијата на индиската сојузна држава Маџа Прадеш, Д.К. Арија.

За време на религиозната манифестација илјадници верници се собраа во храмот Мандула Деви, на 55 километри од Датиа, главниот град на индиската држава Маџа Прадеш.

Стампедото се случило додека верниците го преминувале мостот на реката Синд во близина на храмот за да присуствуваат на религиозниот ритуал од деветиот ден на прославата на хиндуистичкиот празник Дусера. Што конкретно ја предизвикало паниката, не се знае.

Во Индија често доаѓа до случаи на избивање масовна паника. На маргините на најголемата верска прослава и аџилак во февруари на железничката станица во Алахабад загинаа 35 луѓе. Во 2008. година во стампедо кај храмот Хамунда загинаа над 200 лица.