1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

60 години УНЕСКО

33 генерална конференција во Париз е во знакот на овој јубилеј,но во секој случај е засенета од спорот околу културната разноликост.

default

Насловот не кажува ништо добро.„Спогодба за заштита и поддршка на разновидноста на културните изразни форми“.Вака е наречена една од темите со кои се зафатија делегатите на сегашната конференција на УНЕСКО.

Ова подразбира досадни дебати меѓу бирократите.Но,тоа би било само предубедување:всушност од понеделникот во главното седиште на УНЕСКО во Париз седи армија бирократи од целиот свет,но дебатите никако не се здодевни.

Зашто,при конвенцијата за заштита на културната разновидност се работи уште за многу друго.Пред се за многу пари.Од една страна се САД.Нивната влада ,филмот и музичката индустрија ја сметаат културата како како предмет кој нема потреба од посебна заштита.Филмот на пример треба да се пробие на пазарот.Ако не му успее тоа,негов малер.Ставот на Вашингтон гласи:за филмовите,книгите,плочите и слично важат истите правила како и за автомобилите,компјутерите или лименките.

Застапник на спротивната позиција е заедно со многуте други и мароканскиот министер за култура Мохамед Ашаари:

„Мора да ни биде јасно:културното утрешно богатство е денешен производ.“

Поради тоа,треба да се води сметка.Тоа не е важно само поради културата во светот,туку тоа е и прашање на преживување за заедничките вредности,слободата,демократијата и човековите права.

„Ако на одредени народи им биде одземено правото на нивен сопствен израз,тогаш тие се осудени сосема свесно на молк“,вели мароканскиот министер за култура.

Во Париз се присутни 200 делегати од 191 земја членка на УНЕСКО,а тука се и претставници на невладини организации,кои сакаат да ги спречат комерцијалните аспекти во завршното соопштение. Еден од нив е и Саша Констанца Хок,набљудувач од кампањата за комуникациски права,невладина организација.Тој на примерот на Хаити објаснува зошто е толку важна конвенцијата за културна разновидност:

„САД на пример им велат на Хаити:ако сакате да склучите трговски договор со нас,морате да дозволите американските инвеститори да можат да купат културна институција.Не смеете да го субвенционирате државното радио,како ни вашите уметници.Тоа се коси со правилата на пазарот.Хаити тогаш би можел да одговори:ние би ги приватизирале ,но не можеме,ја потпишавме конвенцијата на УНЕСКО.Мораме да ги штитиме нашите уметници.“

Критичарите често на УНЕСКО му префрлуваат за недоволната ефикасност.Но,кога се гледа со какви комплицирани теми и со аккви спротиставени интереси се судираат делегатите,мора да стекне разбирање за бавноста во работата.