1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

60 години од основањето на Меѓународниот суд

Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан денеска се заложи за поголемо почитување на Меѓународниот суд.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан

На свеченоста по повод 60-годишниот јубилеј на највисоката судска инстанца на Светската организација, Анан ги повика сите земји членки да ја прифатат јурисдикцијата на Меѓународниот суд.

„Судот е неопходен, денес многу повеќе отколку порано. Членките на ОН му се обраќаат не само за да ги решат проблемите со границите или за да обжалуваат прекршување на склучени договори, туку и за проблеми како што се геноцидот или примената на сила„ - порача Анан во седиштето на Судот во Палатата на мирот во Ден Хаг.

За оние земји кои пак паушално не ја прифаќаат неговата јурисдикција, генералниот секретар препорача тоа да го сторат барем парцијално, односно да побараат мислење на Меѓународниот суд во одделни конкретни спорови со некоја друга земја пред спротивните интереси да ескалираат. Задача на Судот е да решава во случај на меѓудржавни спорови, при што услов е обете земји во спорот да ја прифатат надлежноста на Меѓународниот суд. Во спротивно, судската пресуда нема обврзувачка важност.