1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

60 години од Декларацијата за човекови права

Успешна приказна или неостварено ветување? Декларацијата за човековите права значи огромна придобивка, но и денес постојат земји каде таа не се почитува.

default

„Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во своето достоинство и своите права. Тие се обдарени со разум и совест и меѓу себе треба да се однесуваат во братски дух“, стои во првиот член на Декларацијата за човековите права, усвоена на Генералното собрание на ОН на 10-ти декември 1948-ма година во Париз. Таа содржи преамбула и вкупно 30 членови, кои ги објаснуваат основните права на еден човек на земјината топка и се сметаат за идеал на кој се обврзани сите народи и нации.

10-ти декември оттогаш е прогласен за Светски ден на човековите права. Од 1948-ма година до денес има многу подобрувања, но и натаму има кршење на човековите права во целиот свет, па и во Европа.

По повод 60-тиот јубилеј на Декларацијата за човекови права, Дојче Веле ви нуди прилози од сите региони на светот.

DW.COM