1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

60 години ММФ и Светска банка

Пред 60 години во јули 1944 година во местото Бретон Вудс во американската сојузна држава Њу Хемпшир беа основани Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Зградата на ММФ во Вашингтон

Зградата на ММФ во Вашингтон

Нивното формирање беше лекција од минатото. 43-те земји учеснички на оваа конференција беа едногласни дека светската економска криза од 30-тите години и појавата на фашизмот своите корени ги имаат во колапсот на меѓународниот трговски систем и на изолационата економска политика. Меѓународниот монетарен фонд со кредити ги поддржува земјите што имаат платежни проблеми. Светската банка на сиромашните земји им помага со поволни аранжмани инвестирани во инфраструктурата, образованието и здравството. Убавите желби по повод роденденот се исклучително воздржани, посебно од критичарите на Меѓународниот монетарен фонд. 60 години по основањето улогата на ММФ, неговата кредитна политика, па дури и нејзината организација се поспорни од кога и да е. На традиционалната пролетна средба во април, противниците на глобализацијата дури одржаа прослава под наслов “Несреќен роденден“, во комплет со роденденска торта во форма на тажен лик. Неоправдано, подвлекува доскорешниот директор на ММФ Хорст Келер:

“Севкупно, мислам дека времето во кое на фондот му се префрла на пример дека е продолжена рака на мултинационалните компании или дека нема разбирање за сиромаштијата во светот, сето тоа е лански снег“.

Во ММФ може да се стекне вистинскиот впечаток дека заедно со Светската банка со текот на годините им успеа да постигнат стабилен растеж во светот каков што немало никогаш во историјата. Слободна трговија, повисок животен стандард, подобро образование, повисоки приходи. Сето тоа се успеси на ММФ, вели Ане Кригер, заменик-директор во фондот:

“Во непосредното минато во многу индустриски и во земји во развој беа спроведени економски реформи, а сегашниот растеж нуди шанса овие реформи натаму да се развиваат или пак да се решаваат проболеми кои долго беа одлагани“.

ММФ е формиран во 1944 година на конференцијата во Бретон Вудс со цел да се спречи голема депресија како онаа во 30-сеттите години и да се грижи за финансиската стабилност. Цел која според критичарите, не е достигната. На пример, на фондот му префрлаат дека на кризата во Азија реагирал многу погрешно и со тоа уште повеќе ја засилил. Резултат: уште повеќе задолжени земји во третиот свет. Новиот шеф на ММФ Родриго Рато обајснува:

“Веруваме дека намалувањето на долговите на високо-задолжените земји е суштинско за нивниот иден економски развој и со сите наши членки ќе работиме на тоа да се воспостават нови правила за ослободување од долговите“.

Премалку, велат анти-глобалистичките груапции кои бараат комплетно ослободување од долговите на сиромашните земји во третиот свет. Традиционално, главниот збор во ММФ го имаат САД и Европејците, соодветно на економската моќ пред 60 години. Критичарите велат дека тоа е сосема надминато, па и Родриго Рато гледа прични за реформи, макар и побавни:

“Исклучително важно прашање е како се застапени земјите и како да го добијат соодветното значење. Мислам дека фондот веќе многу постигна за сите земји да имаат шанса да влијаат врз нашите решенија и да учествуваат во нив“.

Во моментов една работна група во ММФ работи врз натамошни реформи од сличен вид. Меѓу другото се планира да се преиспита политиката на давање кредити. Во моментов фондот околу 70 насто од своите кредити им ги дава на три должници: Аргентина, Бразил и Турција. Опасен преседан против сопствените правила што може да го претвори ММФ во организација подложна на притисоци. Тоа е уште една точка на долгата листа потребни реформи врз кои ќе мора да работи новиот директор Родриго Рато.