1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

60 години Меѓународен монетарен фонд

На денешен ден пред 60 години, значи на 1 март 1947 година, започна работата на Меѓународниот монетарен фонд со 29 земји членки. Пет години подоцна во оваа важна институција стапи и Сојузна Република Германија. Денес во ММФ членуваат 185 држави. Всушност, веќе кон крајот на Втората светска војна во јули 1944 година на конференцијата во Бретон Вуд, беа основани Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Еден од

Мал напредок во Сингапур

Мал напредок во Сингапур

�сновачите беше и економистот Џон Мајнард Кејнс, кој како советник на британската влада подготви предлог за стабилен светски економски и монетарен систем. Со текот на годините работата и значењето на ММФ се променија, а во моментов институцијата со седиште во Вашингтон трага по нови задачи.

Економските и финансиските научници на средбата во Бретон Буд во едно беа согласни: неопходно е по завршувањето на Втората светска војна во светското стопанство да се обезбеди повеќе стабилност и избегнување на финансиските кризи. Зашто економската криза од 30-сеттите години и успонот на фашизмот своите корени ги имаа во крахот на меѓународната трговија и од тоа поризлезените протекционизми.

На Меѓународниот монетарен фонд како задача му беше поставено да ги спречи кризите на платните биланси, да ги стабилизира менувачките курсеви и да спречи трка на обезвреднување меѓу државите. За тоа ММФ главно има на располагање два инструмента. Прво, со кредити ги поддржува државите што се наоѓаат во платежни тешкотии и второ, на сите земји им дава совети во економската, финансиската и монетарната политика.

За разлика од Обединетите нации кои работат според принципот „една држава еден глас„, влијанието на државите во ММФ се остварува според уделот на капиталот на земјите членки. Уделот на капиталот на Фондот, кој располага со вкупно 270 милијради долари се мери според економската сила на секоја држава. Посилните со повисок удел во основниот капитал имаат поголемо влијание од малите и сиромашни држави. Најголемо право на гласови од 17 проценти имаат САД, земјите од Европската унија имаат вкупно 30 проценти, а само Германија околу шест проценти.

Земјите во развој во Фондот имаат мало влијание. Тоа посебно ги погодува економски силните како Бразил, Индија и Кина кои со години бараат право на поголемо вчлијание. На последното годишно собрание во есента минатата година во Сингапур, сепак го постигнаа првиот успех. Директорот на ММФ, поранешниот шпански министер за финансии Родриго Рато изјави:

„Тоа е исклучително важно прашање. Мислам дека фондот веќе постигна доста со тоа што сите земји имаат шанса да влијаат врз нашите решенија и да учествуваат во тоа„.

На собранието во Сингапур беа зголемени таканаречените стапки за Кина, Јужна Кореја, Мексико и Турција, иако само малку. Но, сепак тоа е првиот чекор во полза на растечката тежина на овие земји во светската економија. Најголемите индустриски држави од кои некои, како Германија која исто така е малку застапена, губат во уделот. Сепак, германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик вели дека практично ништо не се менува со сосем малото намалување на уделот од 6,1 на 5,95 проценти:

„Единствената затегната тема ќе биде во вториот чекор да се воспостави долгорочен и одржлив реформски проект со поглед кон регулирањето на стапките. Тоа ќе биде многу потешко. За Германија ќе биде важно да го задржи своте влијание во монетарниот систем. Мораме така да се поставиме за никогаш да не го загубиме местото на нашиот диркетор на егзекутивата„.

Во минатата година, инаку, уделот на кинескиот глас во фондот порасна од 3 на 3,7 проценти. Меѓутоа, според тежината на земјата во светската економија, тој удел треба да изнесува 5 насто. Прашањето е врз чиј грб. Меѓутоа, најмалку претставени се земјите во развој. Барбара Унмисиг, претседателка на организацијата за развој ВЕЕД вели:

„Седумте богати индустрски држави најчесто ги определуваат програмите на ММФ и со тоа ја определуваат долгорочната судбина во земјите на третиот свет на економски план. За нас е важно да се променат овие недемократски структури во насока на поголемо учество на тие земји во донесувањето решенија„.

Во меѓувреме и фондот се најде во тешкотии зашто неговите совети се помалку се бараат, а проблеми се појавија и поради намалените приходи од каматите што го отежнува финансирањето на огромната администрација во Вашингтон. Имено, единствениот голем должник остана Турција. Кина пак, со околу илјада милијради долари девизни резерви, воопшто нема да зависи од ММФ во случај на монетарна криза.

Од тие причини се размислува дали не би било добро ММФ да продаде дел од своите златни резерви што изнесуваат 3 илјади 217 тони за финансисрање на сегашните дејности.

Во секој случај, во последно време во ММФ и во Светската банка едно сепак се подобри: комуникацијата со критичарите кои на обете институции им префрлуваат дека се претвориле во алатка на богатите индустриски држави и на мултинационалните концерни.

Германскиот претседател Хорст Келер кој претходно беше директор на ММФ, бараше дијалог со јавноста и пред се со критичарите и тоа со успех. Непосредно пред заминувањето од Вашингтон тој изјави:

„Мислам дека е сфатено оти мина времето кога на Фондот паушално му се префрлуваше дека е алатка на мулинационалните компании или дека нема разбирање за сиромашните во светот„.