60 загинати во масовна паника во Индија
13 октомври 2013Најмалку 60 верници загинаа, а повеќе од сто се повредени во денешното (13.10.2010) стампедо во хиндуистичкиот храм во централна Индија, потврди за агенцијата ДПА шефот на полицијата на индиската сојузна држава Маџа Прадеш, Д.К. Арија.
За време на религиозната манифестација илјадници верници се собраа во храмот Мандула Деви, на 55 километри од Датиа, главниот град на индиската држава Маџа Прадеш.
Стампедото се случило додека верниците го преминувале мостот на реката Синд во близина на храмот за да присуствуваат на религиозниот ритуал од деветиот ден на прославата на хиндуистичкиот празник Дусера. Што конкретно ја предизвикало паниката, не се знае.
Во Индија често доаѓа до случаи на избивање масовна паника. На маргините на најголемата верска прослава и аџилак во февруари на железничката станица во Алахабад загинаа 35 луѓе. Во 2008. година во стампедо кај храмот Хамунда загинаа над 200 лица.