1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

60 години Израел: Ги нарекуваа Јекес

7 мај 2008

Ги нарекуваат „Јекес„: германските Евреи што се преселија во палестина во 30-сеттите години. Ги биеше глас дека се точни и уредни, искрени и праволиниски, но и по малку неприлагодливи и бавни.

https://p.dw.com/p/DsLe
Првата средба на доселениците со Израел беше пристаништето ХаифаФотографија: picture-alliance / akg-images

Се ценат нивните особини, се вреднува нивниот удел во изградбата на еврејската држава. Во индустрискиот кварт Тефен во Галилеја, основан од претприемачот Штеф Вертхајмер од германско-еврејско потекло, дури постои музеј за Јеките, во кој е претставена историјата и културата на германските Евреи. Бетина Маркс го посети овој музеј, како и домот за старци во Хаифа:

Скечот Лул е класика во репертоарот на израелското кабаре. Опишува различни бранови доселби на Евреите кои од Европа и Средниот исток доѓаа во земјата. Најнапред Руси, потоа Полјаци, а потоа Јеки, Евреи од Германија:

Одеа во капи каква што носел Јосиф и кожни пантолани – Фрици и неговиот татко и и ги бараа нивните пријатели, професорот Хабербрух и професорот Салцбург:

„Но татко, вели Фрици, дали е ова Палестина? Овде има само песок„. „Ние ќе ја заживееме пустината, глупчо„ одговара таткото.

Оваа сцена постојано се прикажува на екранот во Јекес- музејот во Галилеја, како хумористична претстава за односот на германските Евреи. Рути Офек е шефица на малиот музеј што се наоѓа во пасторален пејсаж. Што значи зборот Јекес, со кој беа ословувани германските Евреи во Израел?:

„Едно објаснување е дека имале куси јакни, а не долги кафтани како Евреите од Исток. Или зборот Јек од Рајнланд, што значи дека некој е јек, односно не баш нормален. Меѓутоа, во Израел со Јекес се нарекуваа оние што се многу точни и прецизни, кои не зборуваат добро хебрејски, кои повеќе или помалку смешно се облекуваат, жакет и вратоврска, а дамите понекогаш и шешир„.

Јеките важат за коректни, искрени и образувани, но по малку тврдоглави. Нивниот удел во изградбата на еврејската држава, нивните достигања, денес многу се ценат, вели Рути Офек:

„Тогаш доаѓањето во Израел значеше да се дојде во земја што имаше малку и се’ требаше да се прави одново, а да не се загуби менталитетот, точноста и секогаш да се кажува вистината, односно се што донесоа јеките, секако и нивното воспитание. Денес многу се ценети. Зборот јеки веќе не е навредлив, туку кога некој вели – ти си Јекес, со тоа мисли на стабилен човек кој секогаш треба сериозно да се сфати„.

Но, не беше секогаш така. Кога јеките дојдоа, во 30-сеттите години, повеќето од нив во бегство од нацистите, им беше тешко во таа неплодна земја. Како и Хајнц Гринтал:

„Роден сум во 1915 година и многу бргу бев прогонуван од нацистите како Ционист. Уште пред 1932 година, зашто јас ги учев младите на ционизам и во 1933 многу бргу морав да избегам„.

Со 17 години дојде во Палестина, сосема сам и без документи. Изучи за електричар и се дообразува на ноќни курсеви. Меѓутоа, најнапред мораше да научи хебрејски:

„Никој не зборуваше германски. Се сеќавам дека се уште не можев добро да читам хебрејски и често се наоѓав во ситуација да седнам таму каде што седеа симпатични луѓе и што нарачуваат, па и јас го нарачував истото и постепено научив да го читам менито„.

Кога беше основана израелската држава на 14 мај 1948 година, Ханс Гринтал имаше 33 години. Денес живее во старечкиот дом „Ришонеи ХаКармел„ во Хаифа, каде што се истовари од Германија. Тој добро се сеќава на тој 14 мај:

„Најнапред сите славеа. Се уште ги гледам сите: Бен Гурион и цела низа како седат горе и држат говори што сето предизвика големо одушевување. Тогаш немаше партии, во тој момент беа сите едно: конечно сопствена држава„.