1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

50 милијарди евра за размрдување на стопанството

Германската влада ја усвои конјунктурната програма. Со пакетот-мерки, вреден 50 милијарди евра, владата сака да дејствува против опаѓањето на стопанскиот пораст и да обезбеди еден милион нови работни места.

default

И покрај тешкотиите, Германија е се` уште најголемиот извезувач во светот

Сојузната влада сака да и’ даде подршка на конјунктурата во Германија, која страда од последиците на кризата на финансиските пазари. Пакетот наиде на задршки во редовите на владината коалиција, а опозицијата и стопанството ги оценуваат мерките како оган од слама. Сепак, не се планирани општи намалувања на даноците, ниту пак огромни државни инфраструктурни програми, туку станува збор за збир од целесообразни мерки, нагласи министерот за стоапнство Михаел Глос. „Ова не е конјунктурна програма од стар тип, туку пакет од 50 милијарди кои можат да се пренасочуваат за инвестиции во Германија“ - појасни тој.

Тука спаѓаат поволни кредити од државата за средни и мали претпријатија. Двојно се покачува сумата за извршени занаетчиски услуги што нема да се оданочува, а даночни растоварувања се предивдени и за претпријатија кои набавуваат машини за да го шират производството. Ќе бидат ставени на располагање повеќе пари за топлотна изолација на згради. Побгру ќе започне реализацијата на планираните државни инвестиции во сообраќајот и инфратсруктурата.

Помош и за автомобилската индустрија

Daimler Zwischenbilanz C-Klasse Produktionsband im Werk Sindelfingen

Во неколку фабрики беше сопрено производството на автомобили

Посебно е спорна планираната помош за автомобилската индустрија. При набавка на нов автомобил со мала емисија на штетни издувни гасови две години нема да се плаќа данок на возилото. Економски експерти зборуваат за фрлени пари, оти никој нема да купи автомобил само заради тоа и уште укажуваат дека од државната помош на големо ќе профитираат странски фирми, бидејќи Германците купуваат многу увозни автомобили. Министерот за финансии Пеер Штајнбрик возврати на критиките: „Ако некој знае некакво подобро решение, Сојузната влада радо ќе реагира позитивно на тоа.“

Глос: „Сметаме на Обама-ефект“

Автомобилската индустрија, во секој случај, ја поздрави оваа мерка на владата. Од 2011-та година данокот целосно ќе се пресметува според емисиите на штетни издувни гасови, а не според зафатнината на моторот како сега. Министерот за стопанство, Михаел Глос, очекува дека Бундестагот ќе даде согласност и за оваа мерка и вели дека целиот конјунктурен пакет треба да придонесе барем за 2009-та да биде постигната предвидената минимална стапка на стопански пораст од 0,2 насто. „Сосем сериозно ние сметаме и на Обама-ефект, имено во САД да се врати малку повеќе верба, оти Америка е во голема мера клучна за тоа како натаму ќе се одвива порастот на светската економија“ - смета министерот Глос.

Канцеларката Меркел е оптимист

Deutschland Finanzkrise Rettungspaket Bundestag Angela Merkel und Gregor Gysi

Меркел со оптимистички погледи кон иднината

Мерките за подршка на конјунктурата не можат да се реализираат без ново задолжување на државата. Во наредните две години тоа ќе изнесува вкупно 12 милијарди евра. Така, веќе се чини јасно дека Германија нема да може да го реализира планот во 2011-та година да го сведе на нула новото задолжување. И натаму се работи за консолидирање на државните финансии, но првобитната цел не може да биде постигната, рече министерот за финансии Пеер Штајнбрик.

Канцеларот Ангела Меркел уште во вторникот искажа оптимизам дека Германија и покрај кризата, во „догледно време“ повторно ќе може да се надоврзе на годините на силен стопански подем. „Со овој пакет од мерки ние како претприемач градиме мост за граѓаните, мост за инвестиции и обезбедување на вработувањето, се’ додека повторно од сопствени сили не тргне стопанскиот подем“ - убедена е Меркел.

DW.COM