1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

50 години ИАЕА

29 јули 2007

На 29 јули 1957 е формирана Меѓународната агенција за атомска енергија. Нејзина главна цел е обезбедување на мирот и постигнување позитивни резултати преку истражувањето во атомската технологија.

https://p.dw.com/p/BNHv
Актуелниот Генерален секретар на Агенцијата,Мохамед Ел БарадеиФотографија: AP

Тоа беше навистина тешко во изминативе години и секогаш одново ја ставаше Агенцијата пред нови предизвици.

Секогаш кога имаше спор околу нуклеарните прашања, секогаш кога ќе се појавеше сомневање за надозволено стремење кон атомско оружје , на задача беше Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена. Во последниве години ИАЕА беше активна , пред се во случаите со Ирак , Иран и Северна Кореа . Една позитивна улога која наидува на признанние ширум светот, понекогаш дури и кај земјите кои ИАЕА ги конторлира , што пак норвешкиот нобелов комитет во 2005-та година го сметаше за доволно значајно за да на Агенцијата и на нејзиниот генерален директор од Египет , Мохамед Ел барадеи им ја додели Нобеловата награда за мир.

Историјата на ИАЕА се чини го оправдува своето постење кое потекнува од предлогот на поранешниот американски претседател Двајт Ајзенхауер кој во говорот пред Генералното Собрание на ОН на 8 декември 1953-та година истакна:

„Атомското доба натамошно се разви со такво темпо , така што секој граѓанин во светот треба споредливо да го разбере обемот на овој развој , кој за сите нас има големо значење.Ако луѓето во светот сакаат интелегентно да се стремат кон мирот , тогапш тие мора да ги знаат најважните факти на денешната егзистенција“

Осум години по крајот на Втората Светска Војна и американските атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки , како и четири години по првиот тест на атомска бомба во тогашниот Советски Сојуз светот стоеше пред непозната пред се опасна иднина. Атомските бомби во меѓувреме станааа 25 пати појаки отколку оние од крајот на војната. На Запад технологијата и знаењето за изработка на атомско оружје ги поседуваа , САД, Канада и Велика Британија . Наспроти нив стоеше Советскиот сојуз. Трката во вооружување меѓу државите упатуваше на мрачни перспективи.

Истовремено меѓутоа човекот стана свесен , дека со развојот на атомската технологија во мирнодопски цели , може да се постигнат и многу позитивни нешта.

Ајзенхауер токму затоа го смисли планот наречен„ Атомска енергија за мир“ Тој во својот говоор побара формирање на агенција за атоска енергија под закрила на ОН која треба да биде одговорна за надзор , складирање и заштита на нукеларниот материјал и која треба да изнајде методи според кои овој материјал ќе биде разделуван со цел да му слижи на мирниот стремеж на човештвото.

Десет месеци по гооворот на Ајзенхауер , 81 држави го узвоија едногласно статутот на ИАЕА и на 29 јули 1957 година , агенцијата започна со работа со седиште во Виена .

Но првите години од работата на ИАЕА политичката ситуација во светот особено конфликтот исток-запад се заоструваше и треше се до нуклеарната кризата околу Куба , откако двете големи спротиставени суперсили, САД и Советскито Сојуз барем во основа ги приближија ставовите за неопходноста од контрола во атомското вооружување. Во март 1970 година во сила стапи Договорот за неширење на атомското оружје со кој 180 земји се обврзаа дека нема да развиваат купуваат и да продаваат нуклеарно вооружување. Од тогаш ИАЕА не само што им помага на земјите при развојот на нуклеарна технологија во мирнодопски цели туку контролира дали некои земји се стремат кон недозволен развој на атомско оружје