1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

5 тима на врвот со еднаков број бодови

Повозбудлив и поизедначен почеток на сезоната во Бундеслигата, немало со децении. Улогите на фаворитите и аутсајдерите се измешани.

Сцена од мечот меѓу Волфсбург и Баерн

Сцена од мечот меѓу Волфсбург и Баерн

Во Берлин може одново да се слави, бидејќи Херта по нерешените 2:2 против Штудгарт на домашен терен во 6 коло од Бундеслигата, повторно е на врвот на табелата. Испаѓањето од Купот на УЕФА веќе е речиси заборавено. Тренерот Фалко Гец : „ Среќен сум. Значи верувам дека водството на табелата носи нешто добро, но денешниот натпревар беше прилично тежок“

Натпреварот беше тежок поради тоа што Штудгарт играше добро и настојуваше да победи. Играчот на Штудгарт и на германската репрезентација Томас Хицелсбергер објаснува: „Во првото полувреме не игравме толку добро, но во второто, повторно она што го сторивме во последните натпревари на гости а исто така и на домашен терен. Се боревме, и секој беше тука за другиот. Бевме награденни со изедначувањето“

Шалке 04 не ја врати позитивната атмосфера

Вториот тим кој во минатата недела беше исфрлен од натпреварувањата во купот на УЕФА , Шалке 04 меѓутоа не успеа да ја врати позитивната атмосфера. Напротив играчите на Шалке паднаа на тестот на карактерот во мечот против Леверкузен . По 90 минути резултатот гласеше 3:1 во полза на Баер. Во Шалке сега владее тешка атмоссфера. Менаџерот на Тимот Андреас МИлер се пожали:

Од почетокот на сезоната се работи за тоа критички да се гледа на Шалке. Мирот сеуште нема, и нема никогаш да го има во Шалке се додека определени лица се обидуваат да наметнат немир однодвор“

Возбудливо и во редовите на Баерн

Турбулентно виекндов беше и во редовите на големиот Баерн од Минхен , бидејќи играчите на шампионот по победата во лигата на Шампионите нагости против Интер во Милано со 2:0 , во саботата не можа да се мотивираат во Волфсбург и загубија со 1:0 . Наспроти тоа, конкурентот за титулата Вердер од Бремен, кој зеде залет по нерешениот исход со Барселона, во лигата на шампионите и ја растури Борусија од Менхенгладбах на домашен терен со 3:0.

Загриженост во Хамбург

Се поголеми пак е загриженоста кај тренерот на Хамбургер Томас Дол , кој повеќе неможе да ги слуша ниту сопствените пароли за охрабрување. Тимот кој стартуваше со шампионски амбиции по нерешените 2:2 против Ајнтрахт од Франкфурт, се наоѓа во зоната на испаѓање и сеуште чека на својата прва победа во Бундеслигата сезонава. Подеднакво депримирачки работите се одвиваат и за Бохум. Тимот кој годинава влезе во Бундеслигата, по поразот од Ахен од 2:1 се наоѓа на последното место на табелата. Меѓу Хамбург и Бохум на дното на табелата се наоѓа Хановер , кој успеа во 6-то коло да освои еден поен играјќи 2:2 нагости против Борусија од Дортмунд .

Голманот на Бурусија Роман Вајденфелер по средбата изјави: „ Сметам дека денеска беше многу незгодно, бидејќи едноставно остравивме два поени овде. Ние се разбира сакавме да победиме на домашен терен, но денеска не успевме во тоа. Мислем дека, доколку сакаме да влеземе во меѓународните натпреварувања, тогаш мораме се разбира да победуваме во натпревари како денешниот“

Нерешено заврши и натпреварот меѓу Нирнберг и Мајнц. По 90 минути резулататот гласеше 1:1. Зоната за испаѓање по 6 коло ја напушти Билефелд благодарејќи на понедата против Енерги Котбус.

Изедначен почеток на Бундеслигата

Бундеслигата значи е возбудлива и изедначена како никогаш досега . На врвот на табелата се наоѓаат 5 екипи со по 10 бодови. Зад Херта од Берлин која предводи, следуваат Нирнберг, Бремен, Баерн од Минхен и Шалке .

Изедначени со првиот на табелата, но и покрај тоа искри во воздухот. Имено во Шалке повторно се развива дебата околу тренерската позиција , Менаџерот Андреас Милер меѓутоа категоричен : „Ние дискутираме со тренерот, со нашиот тренер, кој се вика Мирко Сломка, и така ќе се вика и по две недели кога ќе играме против Хамбургер“

Почнуваат квалификациите за Европскотот првенство

Инаку во наредниот период следува пауза во натпреварувањата во Бундеслигата поради настапите на националната репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал што треба да се одржи во Австрија и Швајцарија во 2008 година .

Селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев, за натпреварите против Грузија на 7 октомври и против Словачка, се надева дека повторно ќе може да ги ангажира во тимот, повредените Пер Мертезакер од Бремен и Мануел Фридрих од Мајнц .