1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

4,6 милиони невработени во Германија

Новите бројки за невработеноста во јануари веќе се познати: Во Германија официјално се невработени околу 4,6 милиони луѓе. За првпат бројките поинаку се пресметуваа, но сепак веќе постојат префрлувања од страна на опозицијата. Генералниот секретар на ЦДУ Лауренц Мајер смета дека доколку не би посотеле статистичките трикови на владата бројката на невработените веќе долго би изнесувала над границата од 5 милиони. Вработеноста во јануари во однос на декември е зголемена за 280.00, но овој тренд се поврзува со зимата. Освен ова порастот на навработеноста во споредба со претходниот месец не е толку драматична. Но во секој случај не може да се зборува за навистина добар резултат со речиси 4, 6 милиони невработени, смета привремениот шеф на сојузниот завод за вработување, Франк Јирген Вајзе

"Постојат знаци за оживување на економијата, но тоа се уште не се рефлектира врз работниот пазар а релативните подобрувања може да се поврзат со реформите - односно законските мерки и политиката на заводот."

Реформите на сојузниот завод за вработување според изјавите на Франк Јирген Вајзе продолжуваат и понатаму и покрај отпуштањето на Флоријан Герстер.