1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

400 илјади млади верници на Копакабана

Со музичка приредба и голем богослужба на отворено на прочуената плажа Копакабана во Рио де Женеиро беше отворен 28. Светски ден на младите на Католичката црква.

Повеќе од 400.000 млади католици присуствуваа вчеравечер на големата миса по повод одбележување на почетокот на Светскиот ден на младите на плажата Копакабана во Рио де Женеиро. И покрај повремениот пороен дожд и пад на температурата на 15 степени Целзиусови, младите католици останаа цело време да прославуваат на прочуената плажа во бразилскиот град.

Собирот на младите во Бразил се одржува 5 дена, а се очекува само во Рио да се соберат повеќе од 1,5 милиони верници. Светскиот ден на младите трае пс 23. до 28. јули. На светскиот ден на младите во Бразил учествуваат повеќе од 2 милиона млади од 170 земји од целиот свет. Поголемиот број од нив доаѓа од Латинска Америка, а околу 2000 се пристигнати од Германија. Само од Аргентина на средбата учествуваат 30.000 млади. Се очекуваат околу 4.000 автобуси со аџии, но според информациите на градските власти, тие нема да смеат да влезат во Рио, туку ќе се паркираат на периферијата од градот.

Папата Франциско престојува во Бразил, на своето прво патување во странство во понтификатот. Го дочекаа голем број верници, но и демонстранти кои протестираа против бразилската влада. Папата би требало со младите католици би требало да се сретне в четврток
Помала експлозивна направа е пронајдена во близината на црквата во Бразил кој папата Франциско ќе ја посети кон крајот на неделата, објави полицијата во Сао Паоло неколку часа пред пристигнувањето на папата во земјата.
Како што јавија медиумите, експлозивот бил рачно изработен и е пронајден на 21. јули во текот на полициските вежби во Апарецида каде што се наоѓа големото светилиште на Света Марија.
Специјална полиција веднаш ја деактивирала направата. Папата светилиштето би требало да го посети денес.