1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

40 милиони вреден накит украден во Франција

Од хотел во јужнофранцускиот пристанишен град Кан, украден е накит во вредност од неколку десетина милиони евра. Ова е последна од серијата кражби на накит на монденскиот Азурен брег.

Вооружен маж украде денеска во француското летувалиште Кан накит во вредност од 40 милиони евра, наведоа официјални лица во градот, а пренесува БиБиСи (ББЦ).

Кражбата се случила утрината за време на изложбата за накит во хотелот Карлтон во тој монденски град на Азурниот брег. Карлтон се наоѓа на шеталиштето Кроазета - една од најпрестижните локации во Кан, градот познат по филмскиот фестивал.

ББЦ наведува дека не е познато кому му припаѓа накитот, а локалните медиуми пишуваат дека крадецот украдениот накит го ставил во куфер.

Ова е последна од серијата кражби во Кан, а цел на крадците биле и филмски ѕвезди кои го посетиле Канскиот фестивал.

Кон крајот на мај е украден ѓердан од еден швајцарски јувелир, кој чини околу 2 милиони евра, по една забава од хотел со пет ѕвезди во местото Антиб.
Една недела предходно, од од хотелската соба на еден вработен во ексклузивната швајцарска златара Шопар, е украден накит во вредност од над 777.000 евра.