1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

40 дневен помен од трагичната смрт на Тоше Проески

*

Во Крушево денеска се одржува 40 дневен помен од трагичната смрт на македонската поп икона Тоше Проески. Со литургијата во црквата „Пресвета Богородица„ чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан. На гробот на Тоше, тагата со неговото семејство ја споделија огромен број негови пријатели, колеги, обожаватели. Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври во близина на Нова Градишка во Хрватска.