1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

40 години Гринпис - од идеалист до глобален професионалец

Со спектакуларни акции против промените на климата, отровниот отпад и радиоактивноста, Гринпис предизвикува внимание ширум светот. Од мала мировна група, Гринпис се разви во влијателна еколошка организација.

default

Се‘ почна на 15. септември 1971 година. Мала група мировни активисти тргна од Ванкувер со мал брод во насока на Алеутските острови. Тие имаа намера да спречат нуклеарен тест на САД пред брегот на Аљаска. На својата експедиција и‘ дадоа име Гринпис, кованица од  „зелен“ и „мир“. Групата не стигна далеку, но невообичаената акција ја направи позната.

Борба без насилство

Тоа е како борба на Давид против Голијат. Гринпис со наједноставни средства се бори против уништувањето на животната средина, против уништувањето на дождовните шуми, отровниот отпад, промените на климата и нуклеарната опасност. Акциите, кои се медиумски ефектни, покажуваат резултат. Голијат, олицетворен во големата индустрија и лоби-политиката научи да се плаши и постојано се обидува да ја уништи организацијата.

Flash-Galerie 40 Jahre Greenpeace Antiatom Taj Mahal

Гринпис, порано мрежа на еко-активисти, во меѓувреме, е меѓународна еколошка организација, со седиште во Амстердам и 40 национални здруженија на сите континенти. Во ОН има статус на набљудувач, а независниот совет на екологистите е баран и на конференциите за клима и заштита на животната средина. Гринпис се вбројува во меѓународните актери кои се признати и речиси нема концерн или политичар кој може да се дозволи да ја игнорира организацијата.

Организацијата се финансира исклучиво од донации. Гринпис не зема пари од индустријата или политиката, и поради ова, нејзината веродостојност е толку голема. Во 2010 година организацијата собра 230 милиони евра. Најсилно финанасиски е здружението во Германија, кое има 500.000 донатори. Германија собира една петтина од вкупниот годишен буџет на Гринпис.

Може и поинаку

Типично за Гринпис е покажувањето алтернативи. Гринпис со мерки ширум светот покажува како да се запре глобалната промена на климата. Со научни студии се покажуваат стратегиите за премин кон обновливи енергии. Дека во многу сфери може поинаку, се докажува конкретно. Така, инженери по налог на Гринпис еден нормален автомобил го претворија во модел кој е еколошки, и тоа со едноставни средства. Ваквите факти ги ставаат под притисок политиката и индустријата.

Flash-Galerie 40 Jahre Greenpeace Logo 1993

Многу се полага и на заштитата на потрошувачите. Гринпис предупредува од отрови во играчките и храната, спроведува анализи и ги информира граѓаните со брошури. Во меѓувреме, потрошувачите, концерните за прехранбени производи и селаните ги земаат предупредувањата на Гринпис многу сериозно предвид. Врз основа на кампањите на Гринпис, значително е намалено количеството на пестициди во прехранбените производи, а супермаркетите не продаваат генетски изменети продукти.

Лоби за животната средина

Дел од секојдневните активности на еко-професионалците е и лобирањето. Така на пример, 16 вработени на Гринпис во Брисел се обидуваат да влијаат врз еколошката политика на ЕУ. Во споредба со моќното лоби на автоиндустријата, на хемиската и нуклеарната индустрија, кои имаат повеќе илјади соработници за таа цел, Гринпис во Брисел ја пружа старата слика. И покрај значителните успеси, борбата останува нерамноправна. Како и пред 40 години, тоа се‘ уште е борба на Давид против Голијат.

Автор: Геро Ројтер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска