40 луѓе се удавија пред брегот на Малезија
3 август 2013Патниците на чамецот веројатно биле илегални работници по потекло од индонезискиот остров Батам, кои сакале да се вратат дома за крајот на муслиманскиот месец Рамазан. Несреќата се случила околу 24 километри пред брегот, како што соопшти малезиската крајбрежна стража.
Откако чамецот се превртил, на рибари им успеало да спасат тројца давеници, а еден спасила крајбрежната стража. Потрагата по останатите се‘уште трае со бродови и хеликоптери. Причината за несреќата не е позната, но се‘ почесто се споменува дека чамецот не бил исправен. Вообичаено е илегалните доселеници да патуваат со несигурни чамци зада ги избегнат контролите, велат властите.
Поради тоа пред брегот на Малезија често се случуваат несреќи. Илјадници луѓе од соседните посиромашни држави како Индонезија и Мјанмар, поранешна Бурма, го ризикуваат животот упатувајќи се на опасен пат за да работат илегално во Малезија.