1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

4 децении од убиството на Мартин Лутер Кинг

На денешен ден пред 40 години во Мемфис, беше убиен Мартин Лутер Кинг, легендарниот американски борец за човечкови права. Тој е добитник е на Нобеловата награда за мир, поради заложбите за ненасилен протест.

default

Мартин Лутер Кинг

„Сонувам дека нацијата еден ден ќе се крене и ќе го изговори вистинското значење на она во што верува: за нас би требало да биде разбирливо дека сите луѓе се eднакви.“


I have a dream - најпознат говор на Мартин Лутер Кинг


Овој говор тој го одржа на 28 август во Вашингтон пред околу 250 илјади луѓе кои демонстрираа против расната дискриминација. мартин Лутер Кинг седум годин прд тоа започна да стекнува популарност како борец за човекови права .


Во 1957 година тој ја основа Конференцијата на јужното христијанско лидерство, организација која ќе стане средиште на движењето за укинување на сегрегацијата на белото и црното население во јужните сојузни држави во САД.


Движењето притоа се служеше со маршеви , демонстрации , бојкот и други ненасилни методи. Тие меѓутоа предизвикуваа брутални реакции на локалните власти кои ги забележа и телевизијата , што пак придонесе движењето на Мартин Лутер Кинг да ги освои симпатиите на американската и светската јавност.


Махатма Ганди како пример


Теологот Хајнрих Гросе кој за време на 60-те години од минатиот век следеше бројни настапи и акции на Мартин Лутер Кинг смета дека клуч на успехот на овој баптистички свештеник е во тоа што тој не сакал да применува насилство.


Кинг беше следбеник на Махатма Ганди:

Зошто сстана толку популарен? Затоа што иако беше фрлена бомба врз наго , тој од црнците побара да не применуваат насилство. Тој ги потсети на зборовите на Исус Христос: кој живее од меч , ќе биде убиен од меч“.


Мартин Лутер Кинг преживеа еден обид за атентат врз него, честопати беше физички напаѓан а повеќе од 30 пати апсен. Овој баптистички свештеник беше пред се надарен говорник.


Нобелова награда за мир во 1964


Во октомври 1967 година Хајнрих Гросе го следеше говорот на Мартин Лутер Кинг во Бостон:


„Голем говорник со смисла за хумор. Тој беше висок и впечатлив човек , но можеше да говори и во името на белците и во името на црнците кои изразнале во сиромашни услови , и кои не можеле да се образуваат. Тоа беше негов исклучителен талент“


Кинг за својата заложба за ненасилство, во 1964 година ја доби Нобеловата награда за мир. Неговиот пацифизам беше причина поради која тој како еден од највлијателните Американци во тоа време , прв проговори против војната во Виетнам. Неговите ставови еволуираа со текот на времето, од борба за законска до борба за економска еднаквост меѓу белото и црното население во САД. Него започна да го привлекува идејата за воведување социјалистички поредок во САД , како можно решение за тој проблем.


Сомнежи во ФБИ


На 4 април 1968 година Мартин Лубер Кинг беше убиен на баллонот на еден мотел во Мемфис. Во говорот кој го одржа тој ден , како да ја насетуваше својата смрт:


„Како и секој друг човек си посакувам долг живот, но овде не се работи за тоа. сакам само да ја спроведам божјата воља. Тој би дозволи да зачекорам на брегот. Ја видов ветената земја“


Извршителот на атенататот врз Марин Лутер Кинг , ситниот криминалец Џејмс Ерл Реј, го призна злосторството и беше осуден , но со текот на времето некои новооткриени детали и повлекувањето на признанието на Реј , обезбедија материјал за разни теории на заговор. Така сеуште се верува дека америската федерална полиција ФБИ била вмешана во убиството. Роденденот на Мартин Лутер Кинг од 1977 година наваму во САД се слави акко национален празник.