1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

378 години затвор за убијците на Џинџиќ

Обвинетите за убиството на поранешниот срспски премиер Зоран Џинџиќ добија вкупно 378 години затворска казна. Специјалниот суд во Белград им досуди највисока казна од по 40 години затвор на организаторот, поранешниот командат на специјалната единица Црвени беретки, Милорад Улемек Легија и извршителот на убиството Ѕвездан Јовановиќ. Останатите деветмина обвинети добија по триесет или триесет и пет години затвор. Петмина од нив, се се уште на слобода. Зоран Ѓинѓиќ беше убиен во март 2003-та година пред зградата на владата на Србија.