1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

37 странски заложници убиени во Алжир

Во заложничката драма во Алжир според информациите на алжирската влада биле убиени 37 странски заложници, кои припаѓале на осум различни националности. Во акциите се убиени и 29 киднапери.

Алжирскиот премиер Абделмалек Селал денеска соопшти дека повеќедневната заложничка драма во гасната централа Ин Амениас била изведена од интернационална единица, која дошла од северниот дел на Мали. Во вооружената единица учествувале 32 терористи од шест земји: Алжир, Тунис, Мавританија, Мали и Канада. Според алжирскиот премиер, водач на групата бил Алжирецот Мохамед ел-Амине Бенхенаб, кого одамна го следи алжирската тајна служба, а е убиен при завршувањето на заложничката драма, при што се уапсени тројца киднапери. Денеска се‘ уште петмина странци се водат за исчезнати. Владите досега потврдија смрт на еден Француз, еден Американец, двајца Романци тројца Британци и шестмина Филипинци, како и седуммина Јапонци.

Групата „Потпишано со крв“ најави натамошни напади поради воената интервенција на Франција во Мали и ги повика „муслиманските браќа“ заради своја заштита да се држат настрана од постројки кои се во сопственост на странски фирми.