1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

350 евра за пакување путер!

Токму за време на божикните празници, кога на големо се печат колачи и бисквити во Норвешка снема путер. Со денови регалите во супермаркетите се празни. На интернет „масното злато“ веќе се тргува за астрономски суми.

default

Нема путер за божикните колачи

Според податоците на главниот производител за млечни производи „Тине“ недостасуваат 1000 тони путер за да се задоволи потребата на пазарот. Причина за акутниот недостиг на путер е дождот од минатото лето. Поради тоа квалитетот на сточната храна беше лош, а тоа пак се одрази врз продукцијата на млекото, изјави

Dänen führen Fettsteuer für Lebensmittel ein

Астрономски суми за „масното злато“

портпаролот на компанијата „Тине“ Ларс Галтунг. Освен ова годинава побарувачката е зголемена за 30 проценти во однос на лани. Портпаролот на претпријатието проценува дека ваквата состојба ќе потрае до јануари.

Кон ова се надоврзуваат и проблемите со испораката од соседна Данска, така што путерот во меѓувреме се тргува по високи цени на црниот пазар. Понудите на најпопуларната интернет страница за огласи во Норвешка, Фин, се движат од 20 до преку 350 евра за пакување путер. Астрономски цени, дури и за богатата Норвешка.

Деновиве, норвешката царина откри и руски шверцери со 90 килограми путер. Вредната стока остана запленета!

Автор: АТ/ афп

Редактор: Ж. Ацеска