1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

350 евра за пакување путер!

18 декември 2011

Токму за време на божикните празници, кога на големо се печат колачи и бисквити во Норвешка снема путер. Со денови регалите во супермаркетите се празни. На интернет „масното злато“ веќе се тргува за астрономски суми.

https://p.dw.com/p/13V3X
Нема путер за божикните колачиФотографија: picture-alliance/dpa

Според податоците на главниот производител за млечни производи „Тине“ недостасуваат 1000 тони путер за да се задоволи потребата на пазарот. Причина за акутниот недостиг на путер е дождот од минатото лето. Поради тоа квалитетот на сточната храна беше лош, а тоа пак се одрази врз продукцијата на млекото, изјави портпаролот на компанијата „Тине“ Ларс Галтунг. Освен ова годинава побарувачката е зголемена за 30 проценти во однос на лани. Портпаролот на претпријатието проценува дека ваквата состојба ќе потрае до јануари.

Dänen führen Fettsteuer für Lebensmittel ein
Астрономски суми за „масното злато“Фотографија: picture-alliance/dpa

Кон ова се надоврзуваат и проблемите со испораката од соседна Данска, така што путерот во меѓувреме се тргува по високи цени на црниот пазар. Понудите на најпопуларната интернет страница за огласи во Норвешка, Фин, се движат од 20 до преку 350 евра за пакување путер. Астрономски цени, дури и за богатата Норвешка.

Деновиве, норвешката царина откри и руски шверцери со 90 килограми путер. Вредната стока остана запленета!

Автор: АТ/ афп

Редактор: Ж. Ацеска