1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

35 години затвор за Бредли Менинг

Бредли Менинг, американскиот војник кој на Викиликс му предаде стотици илјади тајни документи, денеска (21.08) е осуден на 35 години затвор.

Судијата на Воениот суд, Денис Линд нареди негово отпуштање од војска. Во затворската казна на Менинг ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор, во кој помина 1.294 дена, така што на слобода ќе излезе за нешто помалку од 32 години.

Минатиот месец Менинг беше прогласен за виновен по речиси сите точки на обвинението, освен онаа најтешката – помагање на непријателот.

Менинг за време на судењето призна дека на Викиликс му проследил опсежна документација, но тврдеше дека не го направил тоа за да и‘ помогне на Ал Каеда, туку да покрене јавна расправа за американската надворешна политика. На рочиштето пред изрекувањето на казната, Менинг и‘ се извини на татковината ако со своите постапки и‘ нанесол штета.