1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

35 години од смртта на кралот на рокенролот

СН/миа16 август 2012

На денешен ден пред 35 години во Мемфис, САД почина легендарниот американски музичар, кралот на рокенролот Елвис Присли. Тој беше водечка личност на поп-културата во 20-от век.

https://p.dw.com/p/15qRk
Фотографија: dapd

Музичката кариера Елвис Присли ја почна во 1954 година, во дискографската куќа „Сан рекордс“, а првиот сингл на Присли за таа издавачка куќа беше „Хартбрејк хотел“, кој излезе во јануари 1956 година и веднаш стана голем хит.

Елис Присли стана водечка фигура на новиот рокенрол звук. Неговиот начин на изведување на песните и енергичните движења го направи еден од најпопуларните, но и најконтраверзните изведувачи.

Филмската кариера ја започна со филмот „Сакај ме нежно“, а глумеше во 33 филмови. Од 1957 до 1966 година Присли се наоѓаше на листата на десетте најкомерцијални американски актери.

Во 1975 година тој заболе од дијабетис и гастритис, а беше зависен и од различни лекови и дроги. Елвис Присли почина на 16-ти август 1977 година во неговиот дом во Мемфис. Почина во 42-та година од животот од болест на срцето и поради прекумерно конзумирање на препишаните лекови.

USA Musik Pop Elvis Presley im Studio
Фотографија на Елвис Присли со гитара снимена во 1957 година во МГМ студиото.Фотографија: AP

Во текот на неговата кариера тој објави 97 албуми, а на врвот на топ-листите мина речиси 996 недели и продаде над 150 милиони албуми.

Елвис Присли стана една од најважните личности на поп-култура на 20 век.

Десетици илјади фанови на Елвис се очекува да му оддадат почит во Грејсленд, каде ќе бидат одбележани 35 години од неговата смрт.

Обожавателите ќе почнат да се собираат денеска попладне на влезот во Грејсленд, некогашната куќа на Елвис во Мемфис. Грејсленд секоја година го посетуваат повеќе од 600 илјади лица.