1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

30 повредени во експлозија на бомба во Истамбул

Експлозијата се случи синоќа на една од познатите улици за шопинг во европскиот дел на турската метропола .

default

Во експлозија на бомба во Истамбул повредени се 30-ина лица од нив две потешко . Сеуште не се знае кој е одговорен за овој напад кој се случува во време на зголемени тензии меѓу турските власти и малцинското курдско население во земјатата.

Инаку меѓу поврдените во експлозијата што се случи на шопинг улицата Бакиркеј нема странски туристи .

Болничкиизвори соопштија дека едно десетгодишно дете повредено во експлозијата сеуште се наоѓа во критична состојба .

Експлозијата на бомбата одекна во момент кога Бакиркеј беше преполн со луѓе. Полицијата претпоставува дека експлозивот бил детониран со далечински управувач.

Инаку по обновувањето на судирите меѓу радикалните курдски групи и безбедносните сили на Турција во југоисточниот дел на земјата ,Истамбул не беше поштеден од терористички напади. Последниот се случи пред 14 дена кога со молотов коктел беше нападнат еден градски автобус при што загинаа три лица. Властите одговорноста за овој напад и ја припишаа на радикалната курдска работничка партија, ПКК . Но во метрополата на Босфорот не може да се почуствува страв од тероризам:

„ Ова се последни обиди на ПКК . Кратко пред нивното исчезнување тие сакаат уште еднаш да посејат омраза“

„ Не може никога да биде толку лошо какошто беше во 90-те години . Но по вакви напади ние секако сме загрижени за нашиот бизнис , кој по вакви напади претрпува големи штети“