1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

30 мерки за Грција

Со голема напрегнатост се очекуваше новата иницијатива на ЕУ за поттикнување на економскиот раст и вработувањето во Грција. Изненадувањата меѓутоа изостанаа...

Новиот документ на ЕУ содржи вкупно 30 итни мерки за зголемување на конкурентноста на Грција. Тие во најголем дел се веќе опфатени со тековната програма за штедење, но не се реализирани. Мерките се предмет за спорови меѓу политичарите во тек на кампањата за изборите во Грција, што ќе се одржат на 6 мај.

Станува збор за широк дијапазон мерки, почнувајќи од приватизацијата на државните електроцентрали, рекапитализација на грчките банки, па се’ до итно потребните и секогаш одново одложуваните реформи на пензискиот систем. Нова директна помош за Грција не е предвидена во овој најнов документ на ЕУ. Во прашање не се доведува ни улогата на Централната банка како чувар на стабилноста на заедничката валута.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, во Стразбур укажа дека Грција веќе добила навистина многу пари од Брисел. Финансиските средства кои во Грција се прелеваат од структурните фондови и заемите, или кои потекнуваат од отписот на долгот од страна на приватните доверители изнесуваат 177 насто од грчкиот брутоопштествен производ. „Тоа е повеќе од јасен знак за солидарноста, која ЕУ и ја укажува на Грција“, изјави Барозо пред Европскиот парламент. Тој додаде дека ЕК презема огромни напори за да и‘ помогне на Грција да застане на ноза и оти тој курс ќе продолжи и во иднина.

Неефикасна државна управа

EU Gipfel Europäische Kommission Barroso Ministerrat

Претседателот на Европската Комисија , Жозе Мануел Барозо

Во актуелниот извештај на ЕУ како најголем проблем се наведува целосно неефикасната државна управа во Грција, која не е во состојба да ги спроведе реформите. Грците не знаат ниту како да соберат приходи од даноците, ниту како да ги отворат пазарите за да бидат во состојба да се соочат со конкуренцијата. Покрај сето ова, малите и средни претпријатија во земјата се едноставно инфицирани од корупција. Реформирањето на Грција мора да започне со модернизација на нејзината управа, сметаат експертите на ЕК. Но тие мислат дека и платите на вработените во приватниот сектор до 2014. година треба да се намалат за уште 15 проценти, со цел грчкото стопанство да стане поконкурентно.

Барозо изрече пријателски реченици за Грција: „Грците ја заслужуваат нашата помош, вложија големи напори за да го спроведат вториот пакет мерки за штедење. Само ако сите решително работиме на тоа, може да дојде до пресврт на подобро“, заклучи Барозо. Комесарот за монетарна политика Оли Рен додаде дека по секоја цена мора да биде избегната идеолошка дебата за буџетот. А консолидацијата на буџетот е исто толку важна колку и поттикнувањето на економскиот раст“, заклучи Рен.

Поврзана содржина