30 години без Џон Ленон
8 декември 2010Реклама
Поранешниот член на легендарните Битлси почина на 8 декември 1980 година, откако беше застрелан четирипати од зад грб од Марк Дејвид Чепмен во близина на неговиот стан во Њујорк. Чепмен беше осуден на доживотен затвор, а неговото барање за помилување досега шест пати беше одбивано.
Ленон стана вечна легенда на која и се посветени филмови, биографии, изложби што од него прават симбол на едно време.
Тој беше истакнат мировен активист, оженет со јапонската уметничка Јоко Оно и татко на едно дете.
Да беше жив, Ленон денеска ќе имаше 70 години. Со неговата смрт, умреа и надежите на милиони фанови ширум светот дека некогаш повторно ќе ги видат Битлси заедно.
Автор:БГ/СН/ртре/макфакс
Редактор: Симе Недевски