1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

26 удари на камбаните за жртвите од Њутаун

Во американското гратче Њутаун денеска им беше оддадена почит на жртвите од масакрот во основното училиште. Со минута молчење и претседателот Барак Обама им оддаде почит на жртвите.

Една недела по масакрот во училиштето Сенди Хук во Њутаун во државата Конетикат северно од Њујорк луѓето од градот и граѓаните на САД на многу места во земјата им одадоа почит на жртвите.

Во Њутаун, во 9.30 часот по локално време камбаните во спор такт удираа 26 пати, по еднаш за секоја жртва. Во исто време, пред една недела 20 годишно момче насилно влезе во основното училиште Сенди Хук и застрела шест жени и 20 деца. Најстарите деца беа на возраст од седум години.

USA Obama und Biden Erklärung zum Waffenrecht

Барак Обама

Њутаун денеска потона во молк, знамињата се веат на половина копје. Според Белата куќа и претседателот Барак Обама зема учество во минутата молчење.

Во својата видеопорака до граѓаните претседателот информираше дека голем број граѓани ја поддржуваат иницијативата за зајакнување на законите за поседување на оружје. На лицата кои ја имаат потпишано интернет петицијата претседателот им порача: „Ве слушаме“. Обама го охрабрува и тоа што многумина кои поседуваат оружје сметаат дека би можеле да се преземат чекори кои ги зачувуваат правата на Американците и ги штитат нивните деца. „Ќе сторам се’ што е во моја моќ како претседател, да ги поттикнам ваквите напори“, порача Обама.