250 полицајци ќе го „смируваат“ Амјен
15 август 2012Со дополнителните, севкупно 250 припадници на полицијата се на лице место, соопшти француското министерство за внатрешни работи. Во безредијата во ноќта кон вторникот повредени беа 16 полицајци, а три објекти беа запалени, меѓу нив и зградата на едно основно училиште и на една спортска сала.
Повод за нередите очигледно била една полициска контрола на жител на проблематичниот кварт на Амјен, кој опасно возел со автомобилот. Причините се подлабоки и лежат во социјалните проблеми во регионот, каде владее голема невработеност. Стапката на невработеност во северна Франција имено е над просечната стапка во земјата. Пред само две недели Амјен од страна на француската влада беше прогласен за еден од 15-те региони кои треба да добијат посебна финансиска поддршка.
Избувнувањето на насилство во Амјен уште еднаш ги потсети Французите на нерешените проблеми во социјално лошостоечките предградија. Меѓутоа, не постојат големи надежи дека тие некогаш ќе бидат решени.