1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

25 години од смртта на Џон Ленон

На денешен ден пред 25 години беше убиен познатит „Битлс„, Џон Ленон: Првите успеси надвор од Велика Британија „Битлси„ ги имаа во легендарниот „Сатр клуб„ во Хамбург. Во 1962 година тие го потпишаа првиот договор за продукција на плочи со ЕМИ.

Мит и легенда и денес: Џон Ленон

Мит и легенда и денес: Џон Ленон

Оттогаш кариерата на англиската група се одвиваше вртоглаво угорно, а нивните настапи не само во Европа, предизвикуваа масовна хистерија, нивните „буба„ фризури доминираа во модата. Во летото 1969 година четворицата музичари: Џон Ленон, Пол Меккартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар за последен пат влегоа во студио за да го снимат албумот „Еби роуд„. Потоа секој започна соло – кариера. Во истата година Џон Ленон со сопругата Јоко Оно го објави хитот „Имеџин„. Во 1973 година Џон и Јоко купија куќа во Централ Парк во Њујорк. Пред вратата на тој дом на 8 декември 1980 година Ленон беше застрелан:

Марк Дејвид Чепмен со часови чекаше пред зградата Дакота директно во Централ парк во Њујорк, кога неговата жртва нешто пред 23 часот излезе од автомобилот. Џон Ленон мина точно покрај Чепмен кон зградата. Младиот човек го извлече пиштолот и пукаше петпати. Ленон падна и почина на пат кон болницата. Тој 8 декември 1980 година заврши животот на еден човек пред кој само уште Елвис Присли толку влијаеше врз животот и размислувањето на младите. Но, интересот за гитаристот на „Битлси„ не се намали, туку стана уште поголем. Фигурата Ленон се претвори во мистична. Беше удостоен со неброени биографии, на светлината на денот се појави секој детал од неговиот бурен живот.

Рок ѕвезда, апостол на мирот, циник, јунак на женскиот пол, параноик, мултимилионер, се само дел од белезите за него. Ленон протрча со леснина низ неговиот кус 40 – годишен живот:

Кон крајот на 1962 година се појави првиот сингл на „Битлси„ „Лав ми ду„, три години подоцна фантастичната четворка беше најголемиот феномен во шоу-бизнисот на 20-тиот век. Дотогаш веќе беа продале милиони плочи, одржаа концерти пред дестици илајди нивни љубители во Европа, САД, Јапонија и Австралија. Џон Ленон и Пол Меккратни ги пишуваа песните со кои ги погодуваа чувствата на младите од шеесеттите години. Избувна масовна хистерија од непојмливи размери, што се повеќе го изолираше Ленон. „Битлси„ достигнаа невидени височини, ги соборија сите продажни рекорди и, според зборовите на Ленон, ја продаваа својата душа. Провоцираше секогаш кога можеше, на пример на концертот пред членовите на кралското семејство:

„За нашата наредна нумера ве молам за ваша помош. Вие на ефтините места, ве молам плескајте. Вие на другите места: шумолете со вашиот накит„.

Во 1970 година „Битлси„ се разделија во кавга. Ленон во меѓувреме беше во вториот брак со Јоко Оно, авангардна јапонска сликарка. Започна политички да се ангажира, стана борец за мир, во големиот број соло плочи пееше за неговото тажно детство, за раната смрт на мајка му или за неприсутниот татко. Во 1975 година се роди син му Шон.

Официјално се вели дека неговиот убиец бил Ирец, фанатичен љубител на „Битлси„ кој себе си се сметал за Ленон. Чепмен беше осуден на доживотен затвор, Ленон стана мит:

„Ќе се сретнеме повторно, Не знам каде, не знам кога„!