1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2,5 проценти пораст во евро зоната

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmdA

Економијата во евро – зоната според мислење на Комисијата на ЕУ речиси и да не е погодена од турбуленциите на финансиските пазари. Во извештајот за конјуктурта во 13 земји каде еврото е официјална валута, комисијата прогнозира дури краткорочно забрзување на растот во втората половина на 2007 година. Во текот на целата година, економијата во евро – зоната ќе забележи пораст од 2,5 проценти.