1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

24-часовен штрајк во Грција

Железница во Атина

Железница во Атина

Јавниот живот во Грција е денеска парализиран поради 24-часовниот национален штрајк што го организираат двете најголеми синдикални организции. Од протестите ќе биде зафатен транспортот, пристаништата, банките, болниците, државните фирми и администрацијата. Медиумите јавуваат дека на штрајкот ќе му се приклучат и вработените во образованието. Штрајкот е насочен против непопуларните мерки за либерализација на пазарот на труд во Грција.