1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

24 лица загинаа во нередите во Картум по веста за смрта на потпретседателот Џон Гаранг

Најмалку 24 лица загинаа во нередите во Судан, кои избувнаа веднаш по официјалната вест за хеликоптерската несреќа во која загина потпретседателот Џон Гаранг, поранешен лидер на бунтовниците. Партијата на Гаранг веќе го именуваше неговиот наследник. Претседателот Ал Бешир соопшти дека мировниот преоцес ќе продолжи:

Џон Гаранг

Џон Гаранг

Утринава во главниот град Картум состојбата е мирна и нема информации за натамошни нереди. Гувернерот на областа Абдел Халим ал Мутафи потврди дека во нередите загинале 24 лица додавјќи дека уште најмалку десет биле повредени.

Во меѓувреме поранешното бунтовничко движење, сега партија „Граѓанско движење за слобода„ го именуваше Салва Киир за наследник на Гаранг, на функцијата потпретседател. Салва Киир ќе продолжи да ја извршува функцијата во првата коалициона влада по повеќе од 20 години граѓанска војна:

„ Јужен Судан и додуша цел Судан го загуби својот мил син, др.Џон Гаранг„ беа зборовите на почит на Киир, кој досега беше втор човек на движењето.

Граѓанското движење за слобода го повика народот во Судан да остѕане мирен во овие тешки моменти, со цел да бидат спречени евентуалните обиди на непријателите на мирот да ја искористат оваа ситуација.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан изрази жалење заради смртта на Гаранг:

„ Имавме човек кој живееше и се бореше за мир и обединет Судан. И токму кога беше на граница да го постигне тоа за што живееше тој замина. Она што е важно во моментов е Судан да продолжи со мировниот процес„ рече Анан додавајќи

„ Имав можност да разговарам со претседателот Ал Бешир, кој ме увери дека ќе продолжат во спроведување на мировниот процес и заедничкото дејствување со лидерите на Граѓанското движење за слобода„ рече Кофи Анан

Џон Гаранг потпретседателската функција на Судан ја превзеде пред околу две недели. Загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште 13 лица, во близина на границата со Уганда. Причината за несреќата според официјалното соопштение било силното невреме. Делод водечките преставници на движењето се сомневаат дека смртта на Гаранг не била случајна.