1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

22 жртви во човечко стампедо во Индија

СН/ агенции
29 септември 2017

Среде сообраќајниот шпиц во индиската финансиска и филмска метропола Мумбаи избувна масовна паника на пешачки мост до железничка станица, која предизвика трагедија со десетици жртви.

https://p.dw.com/p/2ky7E
Indien Mumbai Massenpanik auf Fußgängerbrücker
Фотографија: Reuters/Danish Siddiqui

Најмалку 22 лица загинаа, а над 30 се повредени во стампедо на пешачки мост на железничката станица Елфинстон во Мумбаи, Индија.

Мостот бил преполн со патници, кои се засолниле од поројниот дожд, а во исто време се обиделе да ја напуштат станицата, соопштил портпаролот на железницата.

Смртоносна масовна паника во Индија

Според полициски информации, некој викнал дека мостот ќе се урне, што предизвикало паника кај луѓето, па сите почнале да трчаат. Очевидци, пак, велат дека стампедото се случило откако неколку жени се лизнале на скалите од мостот.

Лизгањето било предизвикано од обилните дождови што го зафатија овој крај. Болниците во Мумбаи се преполни со луѓе, кои биле повредени во човечкото стампедо.

Indien Mumbai Massenpanik auf Fußgängerbrücker
Фотографија: Reuters/Danish Siddiqui

Индиските власти соопштија дека е можно бројот на починати да расте. Инаку железничката станица Елфинстон во Мумбаи (поранешен Бомбај) се наоѓа во близина на бројни деловни згради и е една од најфрекфентните во градот. Финансиската и филмска метропола на Индија со околу 20 милиони жители е еден од најголемите градови во светот.