1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„2009-та ќе биде година на лоши вести“

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска имаше обраќање во Бундестагот за време на генералната дебата за буџетот во наредната година. Таа изрази уверување дека до 2010-та година економска криза може да се надмине.

default

Канцеларката Ангела Меркел

Канцеларката Ангела Меркел е убедена дека Германија ќе се справи со длабоката меѓународна економска и финансиска криза. „Земјата е подобро подготвена за тоа отколку другите земји со слични стопанства“, изјави Меркел за време на генералната дебата во Бундестагот за буџетот на земјата за 2009-та година. Таа притоа укажа на најниската стапка на невработеност во земјата во последните 16 години, севкупно солидните јавни буџети и конкурентската способност на германските производи.

Година на лоши вести

Истовремено канцеларката ги предупреди германските граѓани на можниот негативен развој во наредната година. „2009-та ќе биде година на лоши вести“, потенцираше Меркел, имајќи ја притоа на ум, пред се’, рецесијата во која запаѓа германското стопанство. Според неа политиката поради економската криза се наоѓа пред предизвици за кои нема однапред подготвено сценарио. Во обраќањето пред парламентарците таа апелираше да се води политика на одмереност и разумни практични мерки.

Биланс на досегашните мерки

Меркел најави дека владината коалиција со насочени државни мерки, ќе се погрижи да создаде услови за посакуваниот економски подем.

Канцеларката во Бундестагот направи биланс од досегашното спроведување на државните мерки за санација и ги повика германските банки, засилено да ја користат понудената државна помош. Според нејзините наводи, банките досега упатиле барања за државна помош во вредност од 100 милијарди евра. Со тоа е искористена само една четвртина од вкупната вредност на државниот пакет за санација на банкарскиот систем.

Помошта за одредени бранши може да биде временски ограничена

„Државата мора да интервенира со сета моќ, кога е загрозено целокупното стопанство“, порача натаму Меркел. Но таа нагласи дека државна помош за индустријата ќе има само во оправдани поединечни случаи како што е оној на автомобилскиот концерн Опел. Помошта во инвестиции за определени бранши би можела да биде само временски ограничена. Државата нема да дава долгорочни производни субвенции, изјави Меркел.

Германската канцеларка смета дека и покрај дополнителните задолжувања на државата во наредната година, и натаму е можно во догледно време да се оствари целта за урамнотежен буџет. Toa би требало да биде остваренo во наредниот легислатевен период“, порача Меркел.

Поради светската финансиска криза предлог-буџетот на владата предвидува нови задолжувања во висина од 18 милијарди евра.

DW.COM